|  Соопштенија
Јавна благодарност од МКФ до кошаркарите


Македонската кошаркарска федерација изразува јавна благодарност до сите кошаркари кој го прифатија повикот и настапија за националниот тим на Македонија во квалификациите за учество на Евробаскетот во 2017 година.
Посебна благодарност  и искрени честитки за ангажманот и игрите на капитенот на нашата најдобра селекција Војдан Стојановски кој покажа и докажа како треба да се игра и бори  во дресот со националниот грб на Македонија.

Воедно изразуваме желење за повредата на Дамјан Стојановски, како и за неиграњето на повредениот Марко Симоновски. МКФ упатува благодарност и до целиот стручен и медицински штаб на  нашата најдобра селекција. 

Голема благодарност македонската куќа на кошарката упатува и до  домаќинот  на квалификациските натпревари Општина Кавадарци на чело со градоначалникот Александар Панов.

МКФ  уште еднаш им честита на сите членови на националниот тим  кои два месеца  посветено со голема желба и ангажираност се подготвуваа и настапија во националниот дрес на Македонија.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder