убедливи порази на македонските селекции до 14 години во машка и женска конкуренција на турнирот во Словенија Во првите натпревари на силниот турнир „Словенија Бол“ во Словен Градец за кошаркари и кошаркарки до 14 години македонските селекции претрпеа убедливи порази. Македонската машка селекција е поразена од тимот Словенија зелени со 70-52 (21-14,18-7,17-21,17-10)
Убедливиот пораз во 1 коло на нашите кошаркари до 14 години не можеше да го спречи ниту одличниот Марко Миловановиќ кој со 27 постигнати поени и 12 скока беше најдобриот поединец и стрелец на мечот. Македонските кошаркарки до 14 години доживеаа вистински дебакл во премиерното коло од врсничките од Унгарија . Нашите млади кошаркарки загибија од селекцијата на Унгарија со 97-31, (24-5,24-6, 31-10, 18-10).
Најефикасни со по 6 постигнати кошеви во македонскиот национален тим беа Николиќ, Селцова и Тасевска.