|  Куп натпреварувања 2015/16
Вечно кошаркарско дерби во Охрид за трофејот во Хуавеј Супер Купот



Освојувачите на трофеите во двете домашни натпреварувања, победникот на националниот Куп, Работнички и шампионот МЗТ скопје Аеродром утре во големото финале во Охрид од 19 и 30 часот ќе атакуваат на првиот трофеј во новата сезона во Мак Баскетот пехарот во Хуавеј Супер Купот.



Во второто полуфинале шампионот МЗТ Скопје го победи вицепрвакот Куманово со 78-75,(25 - 21, 17 - 12, 23 - 21, 13 -21. во меч кој се одлучуваше во последните секунди иако, металците имаа сигурна предност по три одиграни четвртини.



Во последните 10 минути Куманово беше блиску до резулатски пресврт,но на крајот кошаркарите на МЗТ Скопје сепак успеаја да го сочуваат водството и да стигнат до триумф вреден пласман во финалето.

Дреновац со 24 и Дамјан Стојановски со 19 поени беа најефикасните кошаркари кај победникот, во редовите на Куманово повторно најдобар впечаток остави триото Костовски 17, Луковиќ 15 и Мандиќ со 12 постигнати поени.





  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder