|  Соопштенија
заклучок од седница на уо по извештајот НА КОМИСИЈАТА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО МАРИН ДОКУЗОВСКИ



Тричлената комисија, во состав Петар Наумовски, Претседател на МКФ, Илија Пенов, Потпретседател и Среќко Трајковски, Член на УО на МКФ, која на предлог на Заре Марковски и со Одлука на УО на МКФ од 26.10.2015, доби мандат да ја испита можноста за ангажирање на Марин Докузовски за Селектор на Сениорската репрезентација, на состанокот на УО одржана на ден 03.12.215 година, ги информираше членовите на УО дека остарила два состанока со Докузовски. Илија Пенов, во име на Комисијата, хронолошки и детално ги изнесе сите детали за содржината на состаноците.
 
На првиот состанок, одржан на ден 03.11.2015 година,  Докузовски се заблагодарил на укажаната доверба и ја изразил својата подготвеност и желба да се врати на селекторската позиција, но, како услов, го поставил потенцијалниот проблем во соработката со Марковски, како Спортски Директор (директно претпоставен на селекторот), потенцирајќи дека поради нарушената доверба, нивната меѓусебна соработка е невозможна. 

 Комисијата, знаејќи го потенцијалниот проблем во соработката на Докузовски како Селектор на Сениорската репрезентација и Марковски, како Спортски Директор на МКФ, била претходно договорена со Марковски, доколку Докузовски го наметне тоа како пречка, неговите ингеренции врз Сениорската Репрезентација, со Одлука на УО, да бидат одземени, во времетраење на селекторскиот  мандат на Докузовски.

 Комисија, на овој состанок му го понудила следниот пакет на Докузовски:

 

-          Гарантиран, четворогодишен Договор со МКФ, како селектор на Сениорската репрезентација;

-          Во Договорот да биде потенцирано дека Спортскиот Директор, од било кој аспект, нема мандат врз сениорската репрезентација и нема право, во име на МКФ, да врши  контрола и евалуација на работата на Селекторот;

-          Дискреционо право да го избере целокупниот стручен штаб, вклучително и лице за контакт со федерацијата, притоа, не ограничувајќи се на членови на Управниот Одбор:

-          Право истовремено да обавува и тренерска работа во КК Работнички или било кој друг клуб во земјата и странство;

-          Да достави предлог-програма за работа со А-селекцијата, која дополнително ќе се усвои од Управниот Одбор.

Свесни за состојбата на потенцијалниот играчки кадар, во ниеден момент, не му бил поставен било каков резултатски императив на краток рок. Впрочем, и поради тоа бил понуден долгогодишен гарантиран договор, со цел да му се даде простор на Докузовски за систематизирана работа, од која првите резултати би се очекувале после втората или третата година.

Докузовски одговорил дека пред да даде одговор, треба да се консултира со Раководството на КК РАБОТНИЧКИ. По првиот состанок, членовите на Комисијата имале реален оптизмизиам дека разговорите ќе резултираат со Договор, сметајќи дека понудениот пакет ги интегрира сите можни права на селекторот, му дава максимална самостојност во одлучувањето за се што е поврзано со сениорската репрезентација, не му го ограничува ангажманот во клубската кошарка и го решава потенцијалниот проблем во соработката со Марковски.

На вториот состанок, одржан на ден 20.11.2015 година, комисијата очекувала Докузовски да ги извести за позициите на раководството на КК Работнички.

На овој состанок, Докузовски, како ултиматум за неговиот ангажман, го поставил целосното елиминирање на Заре Марковски од МКФ.

По изложување на содржината од состаноците, Комисијата достави предлог до Управниот Одбор, овој услов на Докузовски да не биде прифатен од следните причини:

-          Кадровската политика на сојузот не е во ингеренциите на Селекторот на сениорската репрезентација;

-          Со понудениот пакет, веќе му било гарантирано на Докузовски дека нема да има било каква соработка со Марковски, ниту пак Марковски ќе има било какви ингеренции над сениорската репрезентација;

-          Целта на Раководството на МКФ е да ги обедини, а не разедини, сите квалитетни кошаркарски работници, какви несомнено се и Марковски и Докузовски, во една заеднича цел, единствено во интерес на македонската кошарка.

Петар Наумовски, изјави дека како Претседател, без објективна причина, не би менувал ни еден од своите сосработници, како услов, за да се приклучи друг во екипата.

Заре Марковски, го извести Управниот Одбор, дека е изнедаден и навреден од  ултиматумот на Докузовски, сметајќи го за претенциозно барањето за негово целосно отстранување од МКФ, иако, токму тој го предложил за Селектор и се сложил да нема никаков контакт со сениорската репрезентација за времетрање на  мандатот на Докузовски. Но, потенцира, дека е спремен да си замине, доколку Управниот Одбор одлучи дека е тоа е во интерес на кошарката.

Членовите на Управниот Одбор, едногласно го подржаа предлогот на Комисијата, напоменувајќи дека на никој не смее да му се дозволи да ги пречекори своите  овластувањата и доколку се дозволи било каков упад во кадровската политика и останатите ингеренции на Управниот Одбор, може да има сериозни последници во идното функцинирање на сојузот.

Раководството на МКФ, во ниту еден момент, од донесувањето на Одлуката за отпочнување на преговори со Марин Докузовски, не контактирала со ниту еден друг тренер од земјата и странство.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder