|  Соопштенија
МКФ, МОК и ЗКТМ успешни организатори на семинарот за тренери  

Викеднов во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во заедничка организација на Македонската кошаркарска федерација , Македонскиот Олимписки Комитет и Здружението на кошаркарски тренери на Македонија(ЗКТМ) при МКФ успешно беше одржан Семинар за обука на тренери.  На семинарот одобрен и поздравен од ФИБА и ИОК учествуваа 106 тренери од Македонија и неколку гости од странство.

Во улога на предавачи на семинарот за обука на тренери се појавија  долгогодишниот тренер Јанко Луковски, италијанскиот стручњак за физичка подготовка Џакомо Браида, а во улога на специјален гостин и предавач беше присутен и селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија Драган Раца.

Главни теми на семинарот беа работата со кошаркарите во пред сениорскиот период(возраст од 17 и 18 години),  потоа пресинг, човек на човек на цел терен, одбрана која го забрзува развојот во оваа возраст. Браида пак предаваше на тема Специјална подготовка на играчите  од различни возраст и во различни околности и слични теми важни за развојот на кошарката,. 

 МКФ, МОК И ЗКТМ при МКФ  силно веруваат  дека тренерите кои ги следае предавањата на семинарот се здобија со нови знаења кои ќе ги применат во своите клубови и во репрезентациите во насока на унапредување на кошарката, како во Македонија, така и на глобално ниво.

Семинарот беше бесплатен и задолжителен за сите тренери, а секој учесник бесплатно ја доби книгата “Службени кошаркарски правила 2014“. Со оваа активност продолжува блиската и координирана соработка на МОК и МКФ како и заедничкото вложување во подобрата иднина на македонската кошарка.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder