|  Соопштенија
Генералниот секретар на МКФ, Моника Гаврилоска назначена за член на младинската комисија при ФИБА
 
ФИБА Европа брзо ги препозна професионалноста, квалитетот, несебичноста и посветеноста кон кошарката на генералниот секретар на Македонската кошаркарска федерација Моника Гаврилоска.
Европската куќа на кошарката  одлучи  нашата Мони да ја награди и да ја назначи за член на Младинската(Youth) комисија при ФИБА Европа. Комисија која се грижи и работи за развојот на младинската кошарка ширум светот.

Ова големо признание е само уште еден доказ плус, дека посветеноста на раководните луѓе на МКФ во изминатиот период е токму кон младинските категории, посебно во У-14. Каде со регионалниот проект на ФИБА „Заедно до У16“, полека се појавуваат и посакуваните резултати(Одличен настап на зимскиот камп во Истанбул и победи над врсниците од Галатасарај, Фенербахче и Ефес Анадолу) и само ни даваат дополнителна потврда дека тоа е единствениот и вистински пат за квалитетен и континуиран развој на младите кошаркари, со надеж дека дека подоцна од нив ќе излезат и успешни сениорски репрезентативци. Како и успешни луѓе во нашето општество




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder