|  Соопштенија
МКФ организатор на „Трофејот Македонија“


Од среда до петок(17-19.08.2017) Спортскиот центар Јане Сандански во населбата Аеродром во Скопје ќе биде центарот на балканската репрезентативна кошарка и домаќин на меѓународниот турнир - Трофеј на Македонија.

Најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија, која се подготвува за учество во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година по прв пат на „Трофејот Македонија“со новиот натурализиран Македонец, Ромео Тревис, селекторот Драган Раца , ќе се престави пред домашната публика. Избраниците на селекторот Драган Раца поради тоа ги покануваат верните фанови во што поголем број да дојдат во арената и да му дадат поддршка на националниот тим.
Поради повреда на скочниот зглоб на левата нога натпреварите на Трофејот Македонија ќе ги пропушти највисокиот македонски кошаркар 226 сантимерти високиот центар Марко Дујковиќ.

Покрај црвено жолтите на силниот Трофеј на Македонија која стартува во среда од 16 часот и 30 минути ќе учествуваат и квалитетните селекции  на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Белгија.На паркетот во Јане Сандански ќе продефилираат и кошаркари од НБА лигата, Босанците Телетовиќ и Нуркиќ и Црногорецот Вучевиќ.

Сите три репрезентации исто така се во подготовки за настап на евроквалификациите и со најдобрите кошаркари во тимот пристигнаа во Скопје .Што значи дека натпреварите на Трофејот Македонија ќе бидат  исклучително квалитетни  и на дело македонската публика ќе може да види многу кошаркари кои настапуваат во најсилните европски првенства.

Премиерен противник на нашите најдобри кошаркари во среда од 19 часот ќе биде селекцијата на Црна Гора предводена од легендарниот стратег Богдан Тањевиќ. Трофејот Македонија инаку стартува во 16 -30 часот со дуелот БиХ – Белгија.

Во четврток од 18 часот се игра дуелот меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина, а црвено жолтите од 20 -30 часот ја пречекуваат селекцијата на Белгија.
Во петок на последниот ден од турнирот во Јане Сандански,  Македонија во 20-30 часот е домаќин на БиХ, а од 18 часот ќе се сретнат репрезентациите на Белгија и Црна Гора.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder