|  Соопштенија
КК Охрид Ав нов прволигаш 
 

Кошаркарскиот клуб Охрид АВ на убедлив начин го освои првото место во Втората македонска лига и по прв пат во клупската историја си обезбеди пласман во нашето најсилно првенство Првата лига.
Само една година по формирањето, минатото лето по фузирањето со Црн Дрим од Струга беше формиран нов клуб,КК Охрид АВ обезбедува учество во елитната конкуренција и по седум години апстиненција откако згасна тимот на АМАК СП, нашиот туристички бисер се враќа на мапата на Првата лига.

Охриѓани со 17 победи и само еден пораз заслужено  предводени од тренерот Перо Чочороски и одличните Слободан Михајловски, Марјан Младеновиќ, Петар Виларов ...го освоија првото место и ја оправдаа улогата на фаворит од почетокот до крајот на натпреварите во Втората лига. Единствениот пораз Охрид го забележа во 15 коло на гостувањет во Скопје кај големиот ривал за врвот Вардар.
Во понизок ранг се преселуваат последните три екипи од Втората лига, Радовиш, Шкупи и Академија ФМП.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder