|  Соопштенија
Вангеловска: Ме радува фактот што кај младите кошаркарки има голем интерес за напредок и тренинг!



Спортскиот центар во Ново Лисиче викеднов беше домаќин на најдобрите млади кошаркари од Македонија. Во рамките на програмата за равој на млади кошаркарки и индивидуално-техничко и тактичко усовршување, Македонската кошаркарска федерација ги организираше првите контролни тренинзи на најдобрите во генерациите У-14, У-16 и У-18.

Се со цел за што подобро претставување на македонската младинска кошарка на престојните европски првенства.

Координаторот на сите женски селекции во македонската кошарка, легендарната Стојна Вангеловска е презадоволна од работата и ангажманот на младите кошаркарки на првите тренинзи.



Колку млади кошаркарки се појавија на првите тренинзи во СЦ Ново Лициче во Скопје?
-На првите тренинзи се појавија 130 млади кошаркарки од генерациите У-14, У-16 и У-18.



Како се работеше на првите тренинзи и колку тренери беа вклучени во работата?
-Презадоволна сум од тоа што го видов на тренинзите, ме радува фактот што кај младите кошаркарки има голем интерес за напредок и тренинг.Нема да застанеме само на овие два тренинга туку ќе продолжиме со континуирани собири на таленираните кошаркарки.Во иднина јас ќе продолжам да го следам развојот на младите и талентирани кошаркарки. На тренинзите во Скопје во работата со 130-те млади кошаркарки учествуваа десет тренери, истакна популарната Чале.



Дали си задоволна од работата и односот на кошаркарите?

Најпрво сакам да им изразам голема благодарност на сите клубови и тренери кои овој викенд беа присутни во СЦ Ново Лисиче во Скопје. Секако благодарност и до сите мади кошаркарки за нивниот максимален труд и залагање на тренинзите.




Контролните тренизи  започнаа во Скопје, МКФ со својот план за развој на млади кошаркари ќе продолжи и низ другите градови во Македонија.
Нови контролни тренинзи на кошаркарките од генерациите У-14, У-16 и У-18 се планираат за април и мај.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder