|  Соопштенија
МКФ: За изборот на најдобрите одлучуваа новинарите, претставниците на клубовите и спортските работници 


 
Македонската кошаркарска федерација се чувствува повикана да одговори во името на вистината и на начинот на постапката за избор на најдобрите во Мак баскетот во 2015 година.

За изборот на најдобрите Македонската кошаркарска федерација  испрати барање до сите клубови, новинари и спортски работници со три празни линии  во секоја од 13-те категории, на кои  истите требаше сами да се изјаснат и да го напишат својот избор, а потоа МКФ само ги собра вкупните добиени гасови и на тој начин дојде до конечниот резултат и до победникот во секоја од 13 -те категории.

Со  ова само сакаме да ја запознаеме македонската јавноста со начинот на гласање и избор на најдобрите во нашата кошарка, за да некој обичен и небитен поединец не би пишувал невистини, навреди и манипулации, бидејќи истиот поединец очигледо не е посветен на својата професија и на работата која ја работи, туку е посветен на други активности, па дури и политички, а нема капацитет за такво нешто.

Во статусот напишан на социјалните мрежи,  навредениот спортист самиот  потврдува дека изборот на новинарите  и спортските работници бил вистински и бил донесен врз основа на целосната посветеност  на македонската кошарка, и репрезентација во било кое време, а не врз основа на сопствени евтини маркетинг трикови.

За кои што постојано имаше негативни реакции од јавноста кон истите,  поради таквите изјави и неговиот однос кон Мак баскетот.

Ова е нашиот одговор на сите сегашни  и идни коментари.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder