|  Соопштенија
Џои Тејт и Клифтон Елис новите селектори на репрезентациите на Македонија, М-16 и М-18



Американските кошаркарски тренери Џои Тејт и Клифтон Елис летово ќе бидат новите селектори на две наши млади селекции, репрезентациите за кошаркари до 16 и 18 години.




Џои Тејт е новиот селектор на репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 16 години. Во моментов американскиот стручњак е директор на тренинг кампот на Амбасадата за Кошарка во Сан Антонио-Тексас, која има за цел да и помогне на Националната кошаркарска федерација на САД.

Американскиот тренер е специјализиран за работа со млади кошаркари. Тренерската кариера ја започнал во 2004 во Тексас како предводник на средното училиште Тафт.

Со колеџ тимот има остварено одлични резултати во регионалните натпреварувања. 

Тејт од 2004 година е член на Здружението на кошаркарски тренери на Тексас.

Американскиот тренер во последните неколку години има одлична соработка со федерациите на Бугарија, Романија, Турција и Косово каде бил ангажиран за работа со млади категории, организација на кампови за кошарка и обука на тренери, преку тренерски клиники.

 Првиот ангажман во регионот го имал со Кошаркарската федерација на Турција во 2012 година, од каде бил ангажиран да помогне да се обезбеди камп за сите нивоа во различни објекти низ целата земја. Тејт исто така учествувал во работата и на клиниките за тренери на сите нивоа во текот на серијата кампови низ Турција. Минатата година тој е координатор во младинскиот тим на Кошаркарската федерација на Косово. Џои Тејт во август во 2015 година бил дел од Тренерска клиника организирана од Бугарската кошаркарска федерација.

Во Романија, Тејт на повика на кошаркарската федерација учествувал во организацијата на тренинзите на младите селекции.

Во 2015 од страна на ФИБА, Џои Тејт бил назначен за директор и вонреден тренер на кошаркарски камп во Истанбул.

 Од февруари до јуни годинава Џои Тејт има ангажман во Кина како тренер на две регионални селекции.



 Клифтон Елис ќе биде новиот селектор на селекцијата на Македонија за кошаркари до 18 години, која летово во Скопје ќе учествува на Европскиот шампионат Дивизија Б.

Елис од 2012 година е главен тренер на кошаркарскиот тим на средното училиште Клемент. Со кошаркарскиот тим на Клемент има победено на последните четири градски турнири и има стигнато до популарниот „Фајнл 4 “ на Тексас.

Новиот селектор на нашите јуниори е член на Асоцијацијата на Тексас на кошаркарски тренери и е регионален координатор на Јужн Тексас. Како член на асоцијацијата има соработка со сите тренери на колеџи и универзитети во Тексас. Елис воедно е и член на Сан Антонио тренерската асоцијација, во која е еден од основачите и нејзин потпретседател.

На почетокот на тренерската кариера Елис работел како тренер во неколку средни училишта. Најголемиот успех на стартот на кариерата го постигнал со средното училиште Карен Вагнер, на двапати со својата екипа бил дел од завршниот турнир на најдобрите кошаркарски екипи од средните училишта во Тексас. Со своите млади кошаркари од 2008 до 2010 биле рангирани меѓу 50 -те најдобри екипи според ЕСПН. Од тие генерации двајца кошаркари успеале да стигнат и до НБА, Андре Робертсон во Оклахома и Џордан Кларксон во ЛА Лејкерс.

Жалиме како МКФ што кај одредени тренери ангажирањето на тренери од САД во младинскиот погон, каде што и самите критичари на оваа идеја кажуваа дека младинскиот сектор е во катастрофална ситуација(младинските репрезентации на ЕП се редовно во долниот дел на табелата во Б дивизија), а притоа знаеме сите инволвирани во кошарката но и пошироката јавноста дека најквалитетната и најдобро организираната младинска кошарка и лига се токму првенствата во Америка.

Токму од тие причини сме зачудени на реакциите и обвинувањата на поединци кои очигледно не ја признаваат работата и организацијата на најдобрата светска младинска школа за кошарка.

Македонската кошаркарска федерација пак со огромно задоволство и радост може да се пофали со една ваква соработка и цврсто сме убедени дека токму соработката со претставниците од најдобрата младинска кошарка во светот може да се постават цврсти и квалитетни темели, токму во младинските категории од каде што во блиска иднина ќе треба да црпиме квалитетни кошаркари за настап во сениорската репрезентација.

Исто така ангажирањето на американските тренери ќе биде од голема помош како за самите играчи, кои што ќе бидат во директен контакт со стручњаците од САД и на тој начин ќе имаат можноста за полесен контакт за евентуално заминување и понатамошно школување во НЦАА лигата. Ангажманот на американските тренери ќе помогне како за самиот играч квалитетно да напредува така и индиректно за самата сениорска репрезентација која ќе добие квалитетни готови кошаркари со едно вакво големо интернационално искуство, така и за тренерите  кои што при селективните тренинзи во изминатиот период, кога се направи селекција на млади потенцијални тренери, меѓутоа секако и други кои не влегоа во оваа селекција, ќе имаат можност, наместо да заминуваат на усовршување во САД, своето знаење за кошарката да го надградуваат во Македонија и тоа во подолг временски период, за разлика од нивното евентуално патување во САД.

Од сите горе наведени причини, а и од личните искуства во минатото цврсто сме убедени дека ова е вистинскиот пат за успех и за создавање на квалитетни прво млади а подоцна и сениорски репрезентативци.






  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder