Нови маркирања
на кошаркарски
терен
ФИБА 2010

Специјализирано студио за обележување на линии и димензии според новите правила на ФИБА - Октомври 2010. Препорачано од МКФ.


djordano_priem@t-home.mk
тел: 02/3238238, 075249490, 076435435

Појаснување за новите димензии на кошаркарскиот терен








 

Нашата експедиција утре рано наутро тргнува за Украина

На Илинден со среќа и верба во себе!

Најдобрите македонски кошаркари на 2 август го започнуваат новиот циклус квалификации за пласман на ЕП 2011 во Литванија. Пред заминувањето, селекторот и играчите одржаа прес-конференција.

Експедицијата на нашиот најдобар тим заминува утре рано наутро кон Јужни, каде на 2 Август, Илинден, ќе го одигра првиот од 8-те квалификациски дуели за пласман на ЕП во Литванија. Патешествието до Јужни предвидува авионски летови до Виена и Одеса, а од таму со автобус до Јужни, каде нашата експедиција треба да пристигне околу 17 часот. Во вечерните часови на 31 Јули Македонија ќе го одработи првиот од четирите предвидени тренинзи до почетокот на натпреварот. Враќањето во Скопје е предвидено за 3-ти Август во вечерните часови.
 “Противникот, селекцијата на Украина, е состав кој мора да се респектира, не само затоа што игра на домашен терен“ - вели селекторот Марин Докузовски. “Имаат високи играчи на сите позиции, кошаркари и со НБА, но и со искуство од силни европски натпреварувања, станува збор за една искусна, пред се физички силна репрезентација“ - додаде нашиот селектор. “Ние во подготвителниот период одработевме максимално, одигравме доста натпревари на кои повеќе комбиниравме заради отсуствата на играчи од клучните позиции во составот, но со приклучувањето на Грин и МекКејлеб добивме квалитет плус кој се надевам ќе го искористиме. Хендикеп е што обајцата минаа многу малку време со нас, но немаме време за жалење, ќе се обидеме да го искористиме бремето на фаворит на првиот натпревар, што дефинитивно лежи на плеќите на домашната екипа.“ - заклучи Докузовски.

Перо Антиќ, за прв пат како капитен ќе ја предводи најдобрата селекција на Македонија. “За разлика од минатите години, исклучително сме ослабени заради отсуството на нашиот капитен, Врбица Стефанов, но во екипата има многу млади момци со мотиви и квалитет еден ден да дојдат на неговото место и да им носат радости на нашите навивачи. Оваа генерација ја краси заедништвото, имаме 12 капитени, сите гинеме еден за друг и за Македонија и ќе дадеме се од себе на крајот од овие квалификации уште еднаш да славиме пласман на европско првенство“ - вели капитенот Антиќ.

Натпреварот во Јужни започнува во 19 часот по локално време (18:00 по средноевропско време), судии на натпреварот се Зоран Шутуловиќ од Црна Гора, Јакуб Замојски од Полска и Сергеј Михајлов од Русија. Делегат е Камен Тошев од Бугарија. 

 












СУДИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
НА ГРАД СКОПЈЕ

 

Ул. Кузман Јосифовски Питу 17, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder