|  Куп на Македонија 2017

Прекината доминацијата на Бадел 1862 , Вардар победник на Лимак Купот на Македонија 
 

Дебитантот во елитното друштво Вардар ја прекина доминацијата на Бадел 1862 во македонската женска кошарка. Кошаркарките на Вардар денес во Кавадарци отворија нова страница во својата кратка историја, по неполна година постоење го освоија првиот трофеј,стигнаа до пехарот во Лимак Купот на Македонија. Во големото финале Вардар со 69-65 го совлада  бранителот на пехарот Бадел 1862.

Во израмнето и неизвесно финале вардарки заслужено стигнаа до ценетиот трофеј. Едина Муса со 23 поени и Ешли Ватс со 11 коша заедно со одличните Ѓорчева и Деловска беа најзаслужните за историскиот триумф. Кај Бадел 1862 најдобри и најефикасни се Нена Трајчевска со 17, Лескароска со 20 и Пејковска со 16 поени.

Признанието најкорисна кошаркарка на завршниот турнир од Лимак купот на Македонија заврши во рацете на капитенот на Вардар Едина Муса, Нена Трајчевска од Бадел 1862 го доби признанието за најефикасна кошаркарка.

 




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder