|  Репрезентации  |  А-Тим Мажи
Македонската кошаркарска репрезентација попладнево на ждрепката во Прага ги доби противниницте во престојните претквалификации за Светскиот шампионат во Кина во 2019 година.

Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија ќе биде дел од вториот квалитативен барабан на ждрепката во сабота (10.11.2016) во Прага за составот на претквалификациските групи за ФИБА Светскиот шампионат во 2019 година.
Четврти пораз на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. На гостувањето во Солнок во поседното 6 коло од групата Г , нашата селекција претрпе минимален пораз од најдобрата репрезентација во групата Унгарија од 63-61 ( 18-25,14-12,14-9,17-15).

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација в сабота во Солнок со дуелот против домашната Унгарија ги завршува настапите во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година.
Убедлив пораз на македонската кошаркарска репрезентација во 5 коло од групата Г во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. На домашен терен во салата Јасмин во Кавадарци нашата најдобра репрезентација загуби од Велика Британија со 89-62 (21:14; 23:16; 23:23 и 22:9).
Втор триумф на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година.
Првиот плејмејкер на македонската кошаркарска репрезентација Александар Костоски по одличната игра во триумфот над Луксембург на гостински терен од 82-74 си обезбеди место во најдобрата петорка на 4 коло од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година.
Втор загубен натпревар на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите з учество на Евробаскетот во 2017 година. Нашиот национален тим во 3 коло од групата Г пред полни трибини во Јасмин во Кавадарци е поразен од Унгарија со 66-76((17-15, 18-17, 13-16, 18-28) во израмнет натпревар полн со резулатски пресврти.

Македонската сениорска репрезентација го доживеа првиот пораз во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017. На гостувањето во Лондон во рамките од 2 коло во Групата Г, црвено жолтите загубија од Велика Британија со 96:79 (28-30; 22-13; 19-17; 27-19).
Македонската кошаркарска репрезентација во следните пет дена ќе ги одигра двете најзначајни и најтешки средби во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. В среда од 19 часот на домашен терен во салата Јасмин во Кавадарци нашите најдобри кошаркари ќе го нагостат големиот должник Велика Британија, а во сабота во Шолнок во последното 6 коло од квалификациската група Г од 16-30 часот и гостуваме на силната Унгарија.
Македонската кошаркарска репрезентација во сабота од 19 -30 часот во Лондон и гостува на селекцијата на Велика Британија во рамките на 2 коло од Групата Г во квалификациите за пласман на Европскиот шампионат во 2017 година.


Успешна премиера на новиот национален тим на Македонија во квалификациите за пласман на Европскиот шампионат во 2017 година. Нашата најдобра селекција во 1 коло од Групата Г славеше лесна победа над Луксембург од 89:75 (30-13, 18-15, 21-26, 20-21).

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2017   САЛА „ЈАСМИН“ - КАВАДАРЦИ

Г- ГРУПА  Распоред на натпревари

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

МАКЕДОНИЈА

ЛУКСЕМБУРГ

31.08.16

20:30

МРТ

89-75

В.БРИТАНИЈА

МАКЕДОНИЈА

03.09.16

19:30

Stream

96-79

МАКЕДОНИЈА

УНГАРИЈА

07.09.16

20:30

МРТ

66-76

ЛУКСЕМБУРГ

МАКЕДОНИЈА

10.09.16

19:30

74-82

МАКЕДОНИЈА

В.БРИТАНИЈА

14.09.16

19:00

МРТ

62-89

УНГАРИЈА

МАКЕДОНИЈА

17.09.16

16:30

Stream

63-61

Македонската сениорска репрезентација е пред нов предизвик, пласман на петтото во низа Европско првенство, шесто во историјата.


Членовите на најдобрата македонската кошаркарска репрезентација кои се подготвуваат за настап во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 упатија апел до фановите за помош и донации за жителите за жителите од поплавените подрачја.
Селекторот на најдобрата македонска кошаркарска репрезентација Драган Раца денеска на прес конферанција во Кавадарци во пресрет на стартниот дуел во квалификациите за пласман на ЕП во 2017 година, на 31 август против Луксембург побара поддршка од сите спортисти, медиуми и спортски работници. Предводникот на црвено жолтите е задоволен од досега сработеното во овие два месеца подготовки.
Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија со 82:67 (21:24; 22:14; 17:16; 22:13 )го претрпе и вториот пораз од Словенија на контролните средби во Марибор.
Македонската сениорска репрезентација вечерва во Марибор во натпревар затворен за јавност загуби од домаќинот Словенија со 84-68, во првата од двете планирани пријателски средби.
Македонската сениорска репрезентација само два дена по крајот на „Трофејот Македонија“ во Скопје продолжува со одигрување на пријателски средби во рамките н подготовките за настап на квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 год.
Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на силниот меѓународен „Трофеј на Македонија“ кој во изминатите три дена се играше во СЦ Јане Сандански. Нашиот национален тим во последниот меч на турнирот загуби од селекцијата на Босна и Херцеговина со 75-69, (26-20,14-13,17-27,18-9).
Македонската сениорска репрезентација без повредениот Ромео Тревис, плускавец на прстот на десната нога, ја запиша првата победа на „Трофејот Македонија “ во Скопје.Во дуелот од 2 коло црвено жолтите на крилата на браќата Војдан и Дамјан Стојановски и вечерва одличниот Марјан Јаневски со 72-67(23-17, 15-12, 17-18, 20-17) славеа победа над селекцијата на Белгија.
Македонската машка сениорска репрезентација со минимален пораз од фаворитот Црна Гора од 77-73, (12-27, 14-13, 14-23, 13-14) ги започна натпреварите на „Трофејот Македонија“ во СЦ Јане Сандански во Скопје.

ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА-2016  САЛА ЈАНЕ САНДАНСКИ -СКОПЈЕ

1 коло

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

БиХ

БЕЛГИЈА

17.08.16

16:30

Stream

67-73

МАКЕДОНИЈА

ЦРНА ГОРА

17.08.16

19:00

МРТ 

73-77

2 коло

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

ЦРНА ГОРА

БиХ

18.08.16

18:00

Stream

78-68

БЕЛГИЈА

МАКЕДОНИЈА

18.08.16

20:30

 МРТ 

67-72

3 коло

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

ЦРНА ГОРА

БЕЛГИЈА

19.08.16

18:00

Stream

81-87

МАКЕДОНИЈА

БиХ

19.08.16

20:30

 МРТ 

69-75



Членовите на најдобрата македонската кошаркарска репрезентација кои се подготвуваат за настап во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 упатија апел до фановите за помош и донации за жителите за жителите од поплавените подрачја.
Најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија ја одработи првата и најтешка фаза од подготовките за настап на квалификациите за пласман на ЕП во 2017 година. Зад избраниците на Раца е најтешиот циклус, тренинзите за подобрување на физичката подготвеност на кошаркарите.
Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација и се реваншираше на селекцијата на Бугарија за вчерашниот пораз во Самоков на стартот на пријателскиот двомеч.Денес на вториот контролен меч нашиот национален тим ја совлада домашната селекција со 78-74(24-18, 22-21, 22-18 10-17).
Македонската сениорска репрезентација во максимално израмнет натпревар како гостин во Самоков загуби од селекцијата на Бугарија со 61-59(16-10, 10-19, 14-17, 21-13) во првиот контролен натпревар во рамките на подготовките за настап во евроквалификациите.

ПРИЈАТЕЛСКИ МАКЕДОНИЈА - СЕНИОРИ

САМОКОВ-БУГАРИЈА

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Бугарија

Македонија

05.08.16

17:00

61-59

Бугарија

Македонија

06.08.16

17:00

74-78



Американецот Ромео Тревис е новото засилување за најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија. 32- годишниот Ромео Тревис кој настапува на позицијата 4 е кошаркар со исклучително интернационално искуство.
Најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија во петок и сабота (5 и 6 август) на гости во Самоков против домаќинот Бугарија ќе ги одигра првите пријателски средби во подготвителниот циклус за учество во евроквалификациите.
Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија под раководство на новиот предводник Драган Раца ги започна подготовките за учество во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017.

ТУРНИР - КИНА

Жушоу

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

МАКЕДОНИЈА  

КИНА

21.06.16

13:00

87-101

МАКЕДОНИЈА

САД

22.06.16

14:30

85-79

МАКЕДОНИЈА

ЛИТВАНИЈА 

23.05.16

13:00

95-88

Со победа над селекцијата на Литванија од 95-88 и освоено второ место на турнирот во Жушоу нашиот комбиниран тим ја заврши турнејата низ Кина започната на 14 јуни.


Премиерна победа на нашиот комбиниран тим на турнирот во Жошоу Кина. Во 2 коло нашата селекција го победи колеџ тимот на САД со 85-79(24-21,18-10,20-23,23-25), што за црвено жолтите е трет успех во дуелите против истиот ривал на турнејата во Кина.

Комбинираниот тим со пораз од домаќинот Кина од 101-87 го започна настапот на вториот по ред турнир од турнејата по Кина.
Нашиот комбиниран тим од денеска е во градот Жушоу, каде од утре ги започнува натпреварите на вториот турнир на турнејата во Кина.
Денеска нашиот комбиниран тим со мечот против колеџ составот од САД за 5 место го завршува настапот на турнирот во Сужоу, Кина. Нашите млади кошаркари денес ќе имаат дополнителен мотив за уште една победа над колеџ тимот на САД на турнирот во Сужоу, со новиот успех покрај тоа што ќе го освојат петтото место на турнирот во Кина,воедно ќе му го честитаат и 23 роденден на својот соиграч Горан Главчев.

ТУРНИР - КИНА

Натпревари

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

МАКЕДОНИЈА  

ИРАН

14.06.16

13:00

75-80

МАКЕДОНИЈА

ЛИТВАНИЈА 

15.06.16

15:00

69-85

МАКЕДОНИЈА

САД

16.05.16

15:00

69-67

МАКЕДОНИЈА

БЕЛОРУСИЈА

18.05.16

13:00

72-65

МАКЕДОНИЈА

САД

19.05.16

13:00

за 5м.

77-67


Нашиот комбиниран состав  го освои петтото место на турнирот во Сужоу. Избраниците на селекторот Драган Раца попладнево  во мечот за петтата позиција на турнирот во Кина го совладаа колеџ тимот на САД со 77-67 и заслужено со скор од три победи и два поради стигнаа до солидното петто место во конкуренција на селекциите на Литванија, Кина, Иран, Нов Зеленд, Белорусија, Јапонија.
Втора победа на нашиот комбиниран тим на турнирот во Кина. Во натпреварите за пласман од 5 до 8 место на турнирот во Сужоу црвено жолтите славеа победа над Белорусија од 72-65.
Нашиот комбиниран тим денеска го користи првиот ден одмор на турнејата во Кина. По трите средби во групата Б во Сужоу против селекциите на Иран, Литванија и колеџ екипата од САД избраниците на селекторот Драган Раце имаа заслужен ден за одмор.
Капитенот Младеновски, капитенски со кош од одбојка ги реше Американците. Прва победа на нашиот комбиниран состав на турнирот во Кина, во 3 коло од Групата Б во Сужоу нашите млади кошаркари го победија колеџ составот на САД со 69-67 и го остварија првиот успех на турнирот во Кина. 
Втор пораз на нашиот комбиниран тим на турнирот во Сужоу Кина. Во 2 коло од групата Б младите избраници на Драган Раца се поразени од силната Литванија со 85-69.
Попладнево од 15 часот по македонско време нашиот комбиниран тим ќе го одигра третиот натпревар на турнирот во Сужоу Кина. Последен противник на младите избраници на селекторот Драгн Раца во групата Б ќе биде колеџ тимот на САД.
Комбинираниот тим попладнево ги започнува натпреварите на турнирот во Кина.



На 12 јуни комбиниран состав, од седум млади македонски кошаркари и четири aмерикански играчи, потенцијални кандидати за добивање на македонски пасош, патува на кошаркарски турнир во НР Кина, како дел од соработката меѓу кошаркарските федерации на двете земји.
Вечерва во малата сала во Јане Сандански селекторот Драган Раца го одработи првиот тренинг со седумте млади кошаркари кои ќе бидат дел од коминираниот тим кој ќе игра на турнејата во Кина.

Најдобрата репрезентација на Македонија добива огромно засилување на за нас дефицитарната центарска позиција, од ФИБА во канцераиите на Македонската кошаркарска федерација пристигнаа документите за 226 сантиметри високиот Македонец, Марко Дујковиќ.
Поранешниот капитен на нашата најдобра селекција Врбица Стефанов ја прифати понудената соработка од новиот селектор Драган Раца и стана дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација на Македонија.
Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски во интервју за официјалната страница на ФИБА Европа ги изнесе своите очекувања за уччеството на нашата најдобра селекција во квалификациите, за новиот селектор,за младите соиграчи во тимот. 


Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Драган Раца денеска ја имаше првата средба со новинарите. Новиот предводник на црвено жолтите на почетокот на прес конференцијата изрази огромна благодарност до раководството на МКФ за укажаната доверба и порача дека се нафатил на оваа работа бидејќи е убеден дека националниот тим има квалитети за нов настап на Европско првенство.

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација попладнево го назначи 55- годишниот српски тренер Драган Раца за нов селектор на нашата најдобра репрезентација. Раца ќе ги води црвено жолтите во квалификациите за Европскиот шампион во 2017 против селекциите на Луксембург, Унгарија и Велика Британија.

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) го одреди редоследот на на натпреварите во седумте квалификациски групи за пласман на Еврошампионатот во 2017 година.
Најдобрата кошаркарска репрезетација на Македонија попладнево на ждрепката во седиштето на ФИБА Европа во Минхен ги доби противниците во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година.

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Владо Илиевски емотивно со солзи во очите по последниот натпревар на нашата селекција на Евробаскетот 2015 против Словенија се прости од репрезентативниот дрес.
Стрелецот на најзначајниот кош во историјата на нашата репрезентативна кошарка, тројката за полуфинале против Литванија во 2011,капитенот на македонската селекција Владо Илиевски денеска го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес.

Македонската кошаркарска репрезентација по пет одиграни средби во групата Ц , во кои оствари само еден триумф го заврши настапот на Евробаскетот 2015.Попладнево црвено жолтите загубија од Словенија со 62-51 (24-10, 7-14, 21-17, 10-10) се простија од ЕП.

Досегашни учества А-тим Мажи


Историја на настапи




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder