|  Куп на Македонија 2017
Од утре во продажба билетите за лимак Куп на Македонија во Кавадарци  

Билетите за претстојните натпревари од завршниот турнир на „Лимак Купот на Македонија“ ќе бидат пуштени во продажба утре (четврток, 16. февруари) точно на пладне., по симболични цени 50 денари за натпреварите во петок и сабота и 100 денари за финалните мечеви кои се играат во недела , женкиот дуел од 16 часот и машкото финале од 19 часот. Продажбата ќе се врши во „Југотон“ и „Тобако Веро 2“ во Скопје, туристичката агенција „Атлантик Турс“ во Кавадарци, како и на билетарата во салата „Јасмин“ секој ден од 11 до 21:30 часот. Билетите се нумерирани и важат за само еден натпревар. Продажба преку интернет нема да се врши.

Од МКФ информираат дека, посетителите на располагање ќе имаат два паркинг простори околу спортската сала, западно и јужно од градскиот базен.

Вратите на салата „Јасмин" ќе се отвораат 30 минути пред почетокот на секој натпревар, а салата се празни по завршувањето.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder