|  Куп на Македонија 2017

Познати четвртфиналните двојки во Лимак Купот на Македонија 2017


Денес во просториите на Македонската кошаркарска федерација во присуство на медиумите и претставниците на клубовите беше одржана ждрепка за извлекување на четвртфиналните двојки во Лимак КУП на Македонија 2017.
Карпош Соколи и Вардар ќе го отворат Купот со меѓусебен дуел закажан за в 13.00 часот. Во вториот термин, (15.30) ќе се пресметаат Фени Индустри и АВ Охрид. Трет натпревар на распоред (18.00) е дуелот помеѓу Работнички и Куманово додека во вечерниот термин (20.30) МЗТ Скопје, бранителот на КУП – титулата ќе се пресмета со Кожув.


В сабота во првиот полуфинален дуел ќе се пресметаат победниците од натпреварите помеѓу Работнички и Куманово односно Карпош соколи и Вардар. Првиот полуфинален дуел ќе се одигра во 18.00 часот, два ипол часа подоцна во вториот полуфинален дуел победниците од натпреварите помеѓу МЗТ Скопје и Кожув односно Фени Индустри и Охрид ќе ќе го одиграат вториот полуфинален дуел.


Извлекувањето  на натпреварувачките броеви и имињата на екипите го извршија генералниот секретар на МКФ Моника Гаврилоска и комесарот за натпреварување при МКФ Владо Цветковски.

 

ЛИМАК КУП на Македонија 2017, кој ќе се оддржи од 17 – 19.02.2017 год. во салата “Јасмин“ – Кавадарци.

 

Четврт-финале  - 17.02.2017 (петок)

13:00ч.  КК Карпош Соколи 2000 – КК Вардар           (пар Г)

15:30ч.  КК ФЕНИ Индустри  -  КК АВ Охрид                (пар Б)

18:00ч.  КК Работнички  -  КК Куманово 2009             (пар А)   МРТ

20:30ч.  КК МЗТ Скопје А. – КК Кожув (ТВ)                   (пар В)   МРТ

 

Полуфинални натпревари – 18.02.2017 (сабота)

13:00ч.  ЖКК Бадел 1862 – МНА Кожувчнка
15:30ч.  ЖКК Вардар - Пелистер

18:00ч.  Победник (пар А) – Победник (пар Г)  МРТ

20:30ч.  Победник (пар Б) – Победник (пар В)  МРТ

 

Финале – 19.02.2017 (недела)

16:00ч.  Финален натпревар – жени  МРТ

19:00ч.   Финален натпревар – мажи МРТ  

 




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder