Нови маркирања
на кошаркарски
терен
ФИБА 2010

Специјализирано студио за обележување на линии и димензии според новите правила на ФИБА - Октомври 2010. Препорачано од МКФ.


djordano_priem@t-home.mk
тел: 02/3238238, 075249490, 076435435

Појаснување за новите димензии на кошаркарскиот терен








 

УО на МКФ го прифати предлогот на Стручниот Совет

Марин Докузовски и официјално нов селектор на Македонија

Актуелниот тренер на Работнички ќе ја предводи репрезентацијата во наредните две години


На денешниот кус состанок кој менаџерскиот тим на УО на МКФ го одржа во просториите на фабриката “Горска - Кодинг“ во Конопиште, беше прифатен предлогот на Стручниот Совет на МКФ, селекторскиот мандат во наредните две години да му биде доверен на Марин Докузовски. Членовите на УО едногласно го прифатија предлогот за Докузовски, а исто така и предлогот за Марјан Лазовски, кој ќе биде асистент на новиот селектор. Официјална промоција на Марин Докузовски ќе биде извршено на прес конференција наредната седмица во просториите на МКФ.

Инаку, на денешниот состанок е прифатена и оставката на два члена на Регистрациската Комисија и именувани се нов претседател и член. На местото на досегашниот претседател Јасмина Станкова за нов претседател е именуван Томе Димишковски, а покрај Горан Смилевски во Регистрациската Комисија на МКФ член ќе биде и Живко Николовски. 

 












СУДИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
НА ГРАД СКОПЈЕ

 

Ул. Кузман Јосифовски Питу 17, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder