|  Соопштенија
Гаврилоска и Марковски во МОК на презентација на проектот „Од идентификација на таленти до постигнување на врвен спортски резултат“.



Во просториите на Македонскиот олимписки комитет денеска д-р Питер Дејвис, поранешен директор за обука на тренери и спортски науки на Американскиот олимписки комитет, меѓународно признат експерт за менаџмент на врвни спортски перформанси пред претставниците на националните спортски федерации во нашата земја го престави проектот “Креирање на успешен спортски програм: Од идентификација на таленти до постигнување на врвен спортски резултат“.Во име на Македонската кошаркарска федерација на презентацијата во МОК присуствуваа спортскиот директор Заре Марковски и генералниот секретар Моника Гаврилоска.
Овој проект инаку е резултат на тесната соработка на МОК со Меѓународниот и Американскиот олимписки комитет (АОК).
Целта на оваа соработка инаку е креирање на долгорочна развојна програма за постигнување на врвни спортски резултати.

Целта на оваа соработка на МОК со МКФ но и со другите наши федерации е креирање на долгорочна развојна програма за постигнување на врвни спортски резултати.
Марковски и Гаврилоска му дадоа поддршка на проектот чија имплементација е насочена кон изградба и имплементација на квалитетен и одржлив спортски систем, од ниво на селекција и идентификација на спортски таленти па се до програми за постигнување на високи спортски резултати.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder