|  Соопштенија
Продолжува соработката меѓу МКФ И Туркиш Ерлајнс


 Македонската кошаркарска федерација ја продолжува соработката со својот верен соработник и партнер авиокомпанијата „Туркиш Ерлајнс“.
Македонските репрезентатици на крилата на „Туркиш Ерланјнс “ ќе летаат кон уште едно учество на Европско  првенство. Нашите кошаркарски репрезенативци и оваа година со авионите на Туркиш ќе летаат низ светот  и ќе ја преставуваат Македонија.



Во куќата на кошарката  денеска  претседателот на МКФ Петар Наумоски и претставникот на „ Туркиш Ерлајнс “ Алтај Шабан  во име на генералниот директор за Македонија  Илкер Бајдар потпишаа  новиот едногодишен договор за соработка.

МКФ и Туркиш Ерлајнс својата соработка ја започнаа минатата година , на задоволство на двете страни оваа соработка продолжува и во следите 365 дена.

Туркиш Ерлајнс  кој во Македонија е присутен цели 18 години неодамна отвори нова канцеларија. Компанијата „ Туркиш Ерлајнс  “ инаку повеќе години е меѓу најдобрите авиокомпании во светот  и е докажан пријател на спортот.

 




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder