|  Куп натпреварувања 2015/16
Карпош Соколи - Куманово за првиот финалист во Купот на Македонија 
 


Бранителот на трофејот Работнички уште во четврфиналето го заврши настапот во Купот на Македонија.Актуелниот вицешампион Куманов е третиот полуфиналист во националниот Куп. Во најинтересното и најнеизвесното четврфинале досега Куманово предводен од капитенот Костовски извојува победа над Работнички од 85-79 (22-26, 22- 13, 15-22, 26-18) вредна пласман во големата четворка во Купот.  

Извонредниот Костовски со низа од 12 поени во последните три минути го водеше Куманово до триумф .Одличен соработник на Костоски и вечерва беше силниот центар Жарко Ракочевиќ кој со 25 постигнати поени, еден повеќе од Костоски беше најефикасниот стрелец во победничката екипа.

Цврстата одбрана и мирната рака на Костовски во последните 10 минути го решија победникот во третото четврфинале.



Ѓорѓи Чековски иако со 28 уфрлени коша беше најефикасниот кошаркар вечерва на теренот во Гевгелија , неуспеа да  го одведе својот тим до уште едно изненадување против фаворизиран противник на домашната сцена. Повтоно добара натпревар одигра и искусниот Диме Тасовски со 24 постигнати поени.

Полуфиналната пресметка меѓу Карпош Соколи и Куманово стартува во 18 -30 часот.

МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналето го очекува подобриот од мечот Кожув - Фени Индустри.

Утрешната програма на завршницата од Купот во Гевгелија стартува во 13 -30 часот со „финале пред финалето “ полуфиналето меѓу освојувачот на националниот Куп Бадел 1862 и одличниот Клубски Патриот. Од 16 часот за вториот финалист ќе одлучува дуелот Лотос - Студент 2016.

Утрешната програма инаку ќе финишира од 21 часот со второто машко полуфинале.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder