|  Репрезентации  |  М-18 Мажи
Репрезентација на Македонија за кошаркари до 18 години ги доби противниците на Европското првенство (М18) Б дивизија, чии домаќин од 28. јули до 6. август ќе биде Естонија.

Последниот натпревар на јуниорите на овогодишното Европско првенство Дивизија Б за кошаркари до 18 години им го донесе и финалниот пласма на нашите млади надежи. Селекцијата на Данска се покажа како супериорна во натпреварот за пласман славејќи со 85-61 (16-17, 19-18, 27-10, 23-16) па така, нашите репрезентативци ќе го завршат првенството како 16. пласирани од вкупно 24 земји - учеснички.


Младите кошаркари доживеаја пораз од врсниците од Исланд со (84-94) 17-22, 32-27, 18-23, 17-22) на Европското првенство дивизија Б за селекции до 18 години.
Младите надежи не успеаја втор ден по ред да ја израдуваат кошаркарската јавност откако врсниците од Унгарија им го нанесоа вториот пораз во рамки на Европското првенство дивизија Б за кошаркари до 18 години.
Младите надежи на Македонија испуштија да ја забележат првата победа од втората фаза на Европското првенство Дивизија Б за кошаркари до 18 години. Иако не изборија пласман во најдобрите осум репрезентации, нашите јуниори се борат за пласман од деветтото до 16. место, а со новиот пораз, вечерва од Белорусија утре ќе се борат за пласман од 12. до 16. место.


Бледото издание од пред неполни 24 часа е комплетно заборавено со оглед на тоа дека групната фаза нашите јуниори на Европското првенство Дивизија Б за кошаркари до 18 години ќе ја завршат со триумф. Денес врсниците од Кипар добија кошаркарска лекција откако нашите млади надежи им нанесоа пораз од 82-54 (20-13, 17-9, 16-11,29-21 ).
Македонските млади надежи го доживеаја и третиот пораз во рамки на Европското првенство дивизија Б за кошаркари до 18 години. Овој пат, нашите јуниори беа поразени од врсниците од Полска со 104-66 (21-10, 25-20, 31-24, 27-12).
Една победа и еден пораз досега забележаа младите надежи на Европското првенство дивизија Б. Отворањето на првенството со убедлив пораз од Бугарија (69-88) воопшто не ја наруши концентрацијата во националниот состав. Напротив, јуниорите успеаја да се консолидираат и за 24 часа да слават над врсниците од Ирска.
Младите надежи не успеаја втор ден по ред да ја израдуваат кошаркарската јавност откако врсниците од Унгарија им го нанесоа вториот пораз во рамки на Европското првенство дивизија Б за кошаркари до 18 години.
Нашите млади надежи го поправија впечатокот од вчерашиот убедлив пораз од Бугарија славејќи над денешниот противник Ирска со 82-96(31-28, 20-18, 18-34,13-16 ).


Младите кошаркари го започнаа својот настап на Европското првенство дивизија Б со пораз од врсниците од Бугаријa. Националниот состав на нашиот соседот од истокот се покажа како супериорен во три периоди кои беа сосема доволни за триумф од 69-88 (16-29, 20-25, 17-10, 16-24).

ЕП У18 Мажи Скопје, Македонија 2016

Распоред на натпревари

домаќин

гостин

датум

час

инфо

рез

Македонија

Бугарија

29.07.16

18:45

69-88

Македонија

Ирска

30.07.16

18:45

96-82

Македонија

Унгарија

31.07.16

18:45

56-78

Македонија

Полска

02.08.16

18:45

66-104

Македонија

Кипар

03.08.16

18:45

82-54

Кошаркарите од репрезентациите кои се дел од овогодинашното издание на Европското првенство Дивизија Б до 18 години добија еден ден за одмор по завршување на групната фаза.
Селекторот на јуниорите Клифтон Елис ги одбра дванаесетмината кои од 29. Јули ќе ги бранат боите на Македонија на Европското првенство дивизија Б за кошаркари до 18 години.
На младите кошаркари им претстои нов предизвик. Европското првенство за кошаркари до 18 години (Б дивизија) кое ќе се одржи во Скопје започнува в петок, а селекторот на јуниорите Клифтон Елис е задоволен од досегашниот тек на подготовките.
Учеството на овој тренинг камп е од големо значење не само за нашите млади кошаркари и кошаркарки туку и за стручните штабови на двете селекции кои пет дена работат со полна пареа како на теренот така и во теретана.
Македонската селекција за кошаркари до 18 години во машка конкуренција летово од 29 јули до 7 август на домашен терен во Скопје ќе учествува на Европското првенство М18 Дивизија Б.
Стручниот штаб на репрезетацијата на Македонија за кошаркари до 18 години го објави поширокиот список од 22 -ца репрезентативци за претстојните подготовки за учество на Европското првенство дивизија Б кое од 27 јули до 7 август ќе се одржи годинава во Скопје.
Македонската репрезентација за кошаркари до 18 години го освои 21.место на Европското првенство Б дивизија во Австрија.

Досегашни учества М-18 мажи

Историја на настапи




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder