|  Соопштенија
Работна средба на претседателите на МКФ и на Косовската кошаркарска федерација



Делегација на Кошаркарската федерација на Косово, од неодамна членка на ФИБА, денеска престојуваше во работна посета на Македонската кошаркарска федерација.

Претседателите на двете федерации Петар Наумоски и Еролд Белегу , разговараа за соработка на спортски план што поради близината ќе почне на реципрочна основа да се остварува преку средби на селекциите во подготовките за соодветните континентални првенства.

Гостите од Косово на средбата во МКФ побараа да го зголемат искуството во оранизација на Меѓународни настани, со оглед на нивното вклучување во Натпреварувачкиот систем на ФИБА, а нашата федерација е подготвена да го стори тоа со цел за усоврсување на европската кошарка и напредок на квалитетот.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder