|  Куп натпреварувања 2015/16

Учесниците на Хуавеј Супер купот: Добра можност за победнички старт на новата сезона



Македонската кошаркарска федерација и општина Охрид викендов во СЦ „Билјанини Извори “ќе бидат домаќини на кошаркарскиот ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015.

Четирите најдобри екипи од минатата сезона во двете домашни натпреварувања, Првенството и Купот, МЗТ Скопје Аеродром, Куманово, Кожув и Работнички ќе атакуваат на премиерниот трофеј во новата сезона - пехарот во ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015.


По прв пат во историјата завршницата од Супер Купот ќе се игра турнисрки со учество на четири екипи.

Учесниците на  Хуавеј Супер купот денеска на заедничка прес конференција во организација на МКФ, на која отсуствуваа претставниците на освојувачот на КУпот Работнички,ги обелоденија своите очекувања.


Предводникот на шампионот МЗТ Скопје , Алеш Пипан задоволен од тоа што на тренизите се приклучија и репрезентативците Стојановски, Симоновски и Младеновски, смета дека Супер Купот ќе биде добар тест за тоа да се види моменталната подготвеност и форма на тимот.

„Чекавме да дојдат репрезентативцити за да се дополниме и да видиме каква ни е состојбата. Очекувам моите играчи да дадат сe од себе. Ова ни е предсезонски тест да видиме како стоиме со играта за разлика од минатата сезона“ – истакна тренерот на МЗТ Скопје, Алеш Пипан.

Бекот на металците Марко Симоновски истакна дека тој и неговите соиграчи ќе го дадат максимумот.

„Од пред десетина дена дел од репрезентативците се приклучивме во екипата и тренинзите се одвиваат во најдобар ред. Во врска со Суперкупот, сметам дека сме многу добро подготвени и ќе се обидеме да го дадеме максимумот. Победникот нека се одлучи во Охрид“, изјави Марко Симоновски.



За тренерот на вицешампионот Куманово, Љубисав Луковиќ кој во текот на подготовките исто така ги немаше репрезентативците Костоски и Јаневски, Супер купот е добра можност да се покаже моменталната форма на тимот.

Поради обврските во репрезентацијата некои играчи подоцна ни се приклучија на подготовките. Поради тоа, на првиот натпревар ќе видиме до каде стоиме со подготовките. Ова ни е прилика да покажеме што работевме досега,“ – објасни Луковиќ.

Репрезентативецот од Куманово , Костовски истакна дека Супер Купот е добра можност за освојување на првиот трофеј во новата сезона, и ја поздрави идејата на МКФ за турнирска завршница со учество на четири екипи.




За помошниот тренер на Кожув Иле Ефтимов, фаворити за освојување на пехарот од Хуавеј Супер Купот се МЗт Скопје и Куманово,бидејќи неговата екипа ќе настапи со подмладен и нов состав. 

„Ќе им се даде шанса на помладите играчи да се изборат на ова наше кошаркарско небо. Во оваа сезона влегуваме со далеку поразличен состав. Одиме во Охрид, но не како фаворити. Чест ни е што ќе бидеме дел од овој турнир“ – порача Иле Ефтимов.



На прес конференцијата првиот човек на МКФ , Петар Наумоски им изрази благодарност на генералниот спонзор на Супер Купот , Хуавеј и на општина Охрид за поддршката на Македонската кошарка. 

Инаку генерален спонзор на Супер Купот е електронскиот гигант Хуавеј, кој обезбеди и вреди награди за најкорисниот кошаркар и за најдобриот стрелец на турнирот, секако ќе има награда и за публиката.



Хуавеј Супер купот стартува во сабота во 17 -30 часот со полуфиналето меѓу освојувачот на Купот , Работнички и Кожув, во 20 и 15 часот за вториот финалист ќе одлучува полуфиналето МЗТ Скопје - Куманово.
Финалето во СЦ Билјанини Извори во Охрид се игра во недела од 19 часот и 30 минути.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder