|  А-Тим Мажи

Најдобрата селекција на македонија во Марибор на контролки против Словенија 

 
Македонската сениорска репрезентација само два дена по крајот на „Трофејот Македонија“ во Скопје продолжува со одигрување на пријателски средби во рамките н подготовките за настап на квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 год. Нашите најдобри кошаркари од понеделник до среда (22-24 .08.2016) на гости во Марибор ќе одигра две пријателски средби против најдобрата репрезентација на Словенија.

Во Словенија селекторот Драган Раца на располагање ќе ги има сите 13 кошаркари кои повеќе од еден месец се на подготовки, на дуелите во Марибор ќе настапи и нашиот највисок кошаркар 226 сантиметри високиот Марко Дујковиќ, кој поради дисторзија на скочниот зглоб ги пропушти дуелите на Трофејот Македонија.

Првиот меч  против Словенија нашиот национален тим ќе го одигра во вторник од 19 часот во салата Табор во Марибор. 

Македонските кошаркари  вечерва по пристигнувањето во Марибор ќе одработат и еден тренинг. Црвено жолтите ќе тренираат и утре пред првиот  пријателски натпревар против Словеија.

Во среда нашиот национален тим ќе го одигра и вториот  пријателски натпревар против домашната селекција кој дирекно од 20 часот ќе биде пренесуван на националната телевизија на Словенија.

Инаку за црвено жолтите дуелите со Словенија ќе бидат последните контролни средби пред стартниот натпревар на 31.08 2016 ,во квалификациите за пласман на Европското првенство  во 2017 против Луксембург.




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder