|  Соопштенија
ЕП скопје: Златниот медал за јуниорите на Црна ГОра 
 


Јуниорската кошаркарска репрезентација на Црна Гора го освои првото место на Европското првенство дивизија Б, кое од 29 јули до 7 август се одржа во Скопје, Македонија.


Во големото финале младите кошаркари на Црна Гора ја совладаа селекцијата на Украина со 83-72 и заслужено  со  максимален ефект  од осум победи стигнаа до златниот медал на Еврошампионатот во Скопје и до пласман во елитната А дивизија на Европските првенства.



На следниот Европски шампионат во елитната А дивизија ќе  играат и финалистот Украина и освојувачот на третото место и бронзениот медал Словачка, Словаците во малото финале во битката за бронзата  славеа минимален триумф над Унгарија од 63-62.



Македонската јуниорска селекција настапот на Европскиот шампионат  дивизија Б во Скопје го заврши на 16 место со скор од само две победи и шест порази.

Последнопласираната репрезентација од Првенството во Скопје , Кипар следната година ќе игра во дивизија Ц.

За најкорисен кошаркар на првенството во Скопје е прогласен  бекот на шампионот Црна Гора , О. Чарапиќ.



ФИБА и додели признание и на Македонската кошаркарска федерација за одличната организација на Европското првенство со рекордни 24 селекции.

Конечен пласман на ЕП дивизија Б во Скопје- Македонија.

1. Црна Гора
2. Украина
3. Словачка
4. Унгарија
5. Белгија
6. Полска
7. Естонија
8. Чешка
9. Англија
10. Грузија
11. Белорусија
12. Бугарија
13. Исланд
14. Португалија
15. Данска
16. МАКЕДОНИЈА
17. Холандија
18. Австрија
19. Луксембург
20. Романија
21. Албанија
22. Шкотска
23. Ирска
24. Кипар




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder