|  Куп 2012

Вардарци загубија, но не разочараа

Даскаловски: „Толку можевме. Му честитам на МЗТ“

МЗТ Скопје Аеродром го победи Вардар со 91-79 и обезбеди пласман во полуфиналето од Купот. Тренерот на Вардар, Борче Даскаловски, реално согледувајќи ја ситуацијата, честиташе на подобриот тим

МЗТ рано во натпреварот креираше висока позитива од 20 поени, но Вардар не се откажа и со многу напор стигна на само осум разлика на средина од последната четвртина. МЗТ не дозволи изненадување и ја задржа предноста за триумф од 91-79, но Вардар и покрај елиминацијата, не разочара.

„Пред се сакам да му честитам на МЗТ за заслужениот триумф и им посакувам успех понатаму“, вели тренерот на Вардар, Борче Даскаловски. „Им честитам и на моите играчи за посветеноста и играта, особено во второто полувреме. Успеавме да одиграме онолку колку што можеме, имавме големи проблеми под кошевите, по што моравме да компензираме со шутеви од далечина и на крајот можам да кажам дека одигравме добар напад, што се гледа по постигнатите 79 поени против состав како МЗТ“.

„Успеавме на крајот да се приближиме до осум поени, игравме концентрирано и бркавме колку што тие ни дозволуваа. Против ваков тим и максимално да се бориш во текот на целиот натпревар, само мала деконцентрација те остава во негатива од 20 поени. Во секој случај, ќе повторам уште еднаш дека нашата првична цел за сезоната е остварена со обезбедувањето на опстанокот, па продолжуваме понатаму со градењето на тимот за наредната година“, заврши Даскаловски.

МЗТ Скопје, по триумфот, во полуфиналето ќе игра против Торус СЦБТ кој го совлада Работнички во интересен натпревар. Полуфиналните средби се закажани за сабота.




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder