Нови маркирања
на кошаркарски
терен
ФИБА 2010

Специјализирано студио за обележување на линии и димензии според новите правила на ФИБА - Октомври 2010. Препорачано од МКФ.


djordano_priem@t-home.mk
тел: 02/3238238, 075249490, 076435435

Појаснување за новите димензии на кошаркарскиот терен








 

Врбица Стефанов, спортските легенди и МКФ за Емил Новески

Хуманитарен спортски хепенинг во Кавадарци

На 25 Декември, најголемите кошаркарски и спортски ѕвезди на Македонија ќе се соберат во салата Јасмин во хуманитарни цели


Иницијативата за овој хепенинг потекнува од прославениот кошаркарски ас Врбица Стефанов, а поддржана е од Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци. Хепенингот ќе се одржи во спортската сала Јасмин во Кавадарци, на 25 Декември со почеток во 17:30 часот. Главниот настан е кошаркарскиот натпревар на кој покрај најдобрите македонски кошаркари ќе настапат и поранешни ѕвезди на овој спорт, како и голем број актуелни репрезентативци.

Кавадарчани ќе имаат можност по подолго време во живо да ги гледаат мајсториите на своите Врбица Стефанов, Тодор Гечевски, Ристе Стефанов, Горан Самарџиев, Никола Златев, Методи Каровски, Ѓорѓи Наумчев, како и Ѓорѓе Војновиќ, Игор Михајловски, Слободан Петровски, Кочо Дилберовски, Бранко Ацков, Благој Печалов и многу други прославени имиња. Спектаклот ќе биде засилен и со присуството на други актуелни репрезентативци како Перо Антиќ, Перо Блажевски, Ѓорѓи Чековски, Јане Петровски, Дарко Соколов, Димитар Мираковски, Дамјан Стојановски, Бојан Трајковски, Тони Симиќ, Александар Димитровски, Александар Костоски, Синиша Аврамовски и други...Селекциите ќе бидат предводени од актуелниот селектор на Македонија, Марин Докузовски и прославениот кошаркарски тренер и учител на кавадаречките кошаркари, Димитар Пецов. Почетокот на кошаркарскиот натпревар е закажан за 19:00 часот и целата македонска јавност ќе може да го проследи низ директен пренос на А2 ТВ.

Програмата започнува во 17:00 часот, кога свој футсал настап ќе имаат екипите на спортските великани на Македонија (Благоја Георгиевски Буштур, Владимир Богоевски, Кочо Димитровски, Драган Мутибариќ, Шабан Сејдиу, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Пепи Манасков, Васил Кафеџиски, Артим Шаќири, Врбица Стефанов и други) против локалната селекција на спортисти на Кавадарци (Јордан Милков, Диме Ризов Бендер, Ангел Кимов, Благоја Бошковски, Миле Масларков, Трајко Камчев Вкот, Ристо Камчев, Темо Златев, Борче Митрев, Дивна Пешиќ, Перо Милков Суска, Блажо Василев и други).

Целиот приход од влезниците, сите донации на помагатели и покровители, како и сите доброволни прилози на хуманите граѓани на Македонија ќе бидат наменети за итна операција на 11-годишниот Емил Новески од Кавадарци, кој болува од рецидив на акутна миелоична леукемија.


Во акцијата можете да се вклучите и вие, со донации преку мобилен телефон (100 денари) на операторите: 075143350 (Оне) 070143115 (Т-Мобиле) и 077143500 (ВИП).

Сите компании и хумани граѓани можат да уплатат средства на следниов начин:

За Емил Новески
Ж-ска Стопанска Банка
Денарска: 200-002-018-470-082
Девизна: SWIFT: STOB MK 2X          IBAN: MK 072 000 020 184 742 53

Во името на Емил Новески, за вашата хуманост ви благодарат:

Врбица Стефанов и Македонската Кошаркарска Федерација

 












СУДИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
НА ГРАД СКОПЈЕ

 

Ул. Кузман Јосифовски Питу 17, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder