|  Соопштенија

соопштение-60 

 

Македонската кошаркaрска федерација ги информира сите репрезентативци дека во целост, без исклучоци, ќе ги спроведува сите одредби од Правилникот за државните кошаркарски репрезентации на Македонија. 
 
Согласно  член 20 од Правилникот, играчите се должни да присуствуваат на подготовки и натпревари на државните репрезентации. Со самата покана во државната  репрезентација, настапуваат обврските на играчот и клубот. Согласно членовите 24, 25 и 26, против играчите кои неоправдано доцнат или отсуствуваат од подготовките и натпреварите на репрезентацијата, МКФ ќе изрече суспензија и ќе ја информира канцеларијата на ФИБА и ФИБА Европа. Суспендираниот играч нема право да игра за репрезентацијата, ниту пак за клубот за кој настапува, за цело време додека му трае суспензијата.

Врвен приоритет во програмата на МКФ е развојот на младинската репрезентативна и клупска кошарка. За прв пат извршена е сеопфатна и објективна селекција за сите возрасни категории, во период од 6 месеци, на територија на 4 региони и 15 града од територија на Р. Македонија.

МКФ за прв пат пријави за настап 7 младински репрезентации. Пријавени се сите младински селекции во системот на репрезентативни натпреварувања на ФИБА (М14, М16, М18 и М20) во машка конкуренција и три младински  репрезентации во женска конкуренција (М14, М16 и М18).
За настап на младинските репрезентации на претстојните Европски првенства, МКФ кон ФИБА уплати котизации за учество во износ од над 40 000 евра.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder