|  Соопштенија

МКФ организатор на кошаркарски камп (м14)за кошаркари до 14 години


Македoнската кошаркарска федерација, вo рамките на прoектoт за “Development for boys U13 and U14 with пpotential” oрганизира кoшаркарски камп за мoмчиња (М14) до 14 години. На кампот ќе биде извршена и конечната селекција за М14 репрезентацијата која ќе учествува на Меѓународниот турнир во Словенија (Август 2016).

Кошаркарскиот камп во Маврово ќе биде организиран во периодот од 16 до 21 Јули 2016 година.

Селектирани се 70 кошаркари од сите клубови во Македпнија и истите се повикани да земат учество на Кампот во организација на МКФ.

Како учесници на кампот се повикани и 12 селектирани тренери од Македонија како и двајца  тренери од САД како и координаторот на проектот Крис Диал.
Повикани тренери на кампот во Маврово:

Горан Даниловски – КК Баскет Кам, Мак.Каменица

Мартин Атанасовски – КК Пинк Пантери  Скопје

Огнен Стојановски – КК МЗТ Скопје Аеродром
Никола Данев – КК Вардар Скопје

Александар Јованчев – КК ФМП Академија Скопје

Душко Јаковчевски – КК Томас Тетово

Горан Андреевски – КК Водно Санс Скопје

Денис Дервишевиќ – КК Феникс Скопје

Благоја Кечовски - КК Ангели Скопје

Владимир Мирковски – КК Бест Гевгелија

Крсте Серафимовски – КК Кетс Гостивар

Ангел Љутков – КК Борец баскет Велес


За сите учесници на кошаркарскиот камп Македонската кошаркарска федерација  ги покрива трошоците за превоз, сместување и престој. Исто така МКФ на сите учесници на кампот ќе им обезбеди опрема за тренинг.

Сите селектирани кошаркари, учеството на кампот може да го потврдат телефонски на бројот на канцеларијата на МКФ  02 2464 988.



Повеќе информации за учеството на Кошаркарскиот камп во Маврово може да прочитате на линкот.

Списокот на повиканите кошаркари учесници на кошаркарскиот камп во Маврово од 16 до 21 јули 2016 година во организација на МКФ може да се видат на следниот линк.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder