|  А-Тим Мажи
Победена Белгија за прв триумф на „Трофејот Македонија“ 
 

Македонската сениорска репрезентација без повредениот Ромео Тревис, плускавец на прстот на десната нога, ја запиша првата победа на „Трофејот Македонија “ во Скопје.Во дуелот од 2 коло црвено жолтите на крилата на браќата Војдан и Дамјан Стојановски и вечерва одличниот Марјан Јаневски со 72-67(23-17, 15-12, 17-18, 20-17) славеа победа над селекцијата на Белгија. Во натпревар во кој поголем дел од мечот нашиот национален тим предводен од одличните браќа Стојановски ја имаше контролата на играта и резултатот, избраниците на Драган Раца во неизвесен финиш му дозволија на противникот да влезе во израмнета завршница но не и да победи. Македонската селекција  ја совладаа солидната Белгија за премиерен успех на Трофејот Македонија кој се игра во СЦ Јане Сандански во Скопје.

Покрај маестралните  браќа Стојановски во националниот дрес уште еден одличен натпревар , како и синоќа против Црна Гора, одигра крилниот центар Марјан Јаневски.

Дамјан Стојановски со 12 и Јаневски со 8 поени (две тројки) уште во првата четвртина најавија дека се расположени за игра и ни обезбедија предност од 23-17. Во втората четвртина нашите кошаркари  го подигнаа нивното на игра во одбрана, во добар ритам влезе и капитенот Војдан Стојановски и на полувреме заминавне со солидни 38-29.

Капитенот на црвено жолтите во второто полувреме ја оддржуваше нашата предност.

Во последниот период остваривме и двоцифрена предност од 59-49, но потоа на белгиските кошаркари им дозволивме да направат серија од 14-2 и натпреварот да го однесат во неизвесен финиш. Но, Дамјан Стојановски и Марјан Јаневски со по една тројка не дозволија комплетен резултатски пресврт .Македонија на крајот заслужено ја прослави првата победа на силниот турнир. ќВојдан Стојановски со 25 поени беше првиот стрелец на средбата , Дамјан постигна 20 а Јаневски средбата ја заврши со 14 поени и 5 скока.

Утревечер во последниот натпревар на Трофејот Македонија, црвено жолтите против селекцијата на БиХ ќе атакуваат на уште една победа  на турнирот во СЦ. Јане Сандански.




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder