|  Соопштенија
Првата лига ќе започне на 12 ноември, на 15 декември вонредно собрание на МКФ 
 

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација на редовната седница одржана на 8.11.2016 година во просториите на МКФ ја разгледа иницијативата на клубовите за свикување на вонредно собрание на МКФ. Претседателот на  Федерацијата, Петар Наумоски  на седницата ги запозна членовите на УО  дека од страна на 13 клубови  е доставено барање  за свикување Вонредно Собрание на МКФ и тоа на ден 01.11.2016г.  беше доставено од 12 клубови,  а на 04.11.2016г.  уште еден клуб.
- Би сакал само да ве информирам околу иницијативата што беше поднесена од некои клубови од Здружението на прволигаши, вели Наумоски. МКФ побара од Агенцијата за млади и спорт да достави листа на клубови кои имаат решение за вршење дејност спорт, истото е добиено, според  кое може да се утврди кои клубови ја имаат исполнето законската обврска за вршење дејност спорт. Како наложува Статутот на МКФ во член 12, членки на федерацијата се сите клубови кои имаат решение дејност спорт издадено од Агенцијата за млади и спорт, запишани во Централен регистар на РМ. 
    Согласно член 36 од Статутот на МКФ вонредна седница на Собрание на МКФ може да се свика по барање на Управниот Одбор, Надзорниот одбор или една третина од сите членки на федерацијата.

Според тоа самата иницијатива не е валидна бидејќи  не се собрани доволен број на потписи, една третина од членовите на МКФ.

Веднаш потоа Наумоски како претседател на федерацијата и УО, предложи да се закаже вонредна седница на Собрание на МКФ за 15 декември 2016 година, од причина што само би се изгубило време во подготвување нова иницијатива од клубовите.

Прелогот на претседателот Петар Наумоски за одржување на Вонредна седница на Собрание закажано за 15 декември 2016, е усвоен  едногласно, вклучувајќи го и претседателот на Здружението на  клубови од Прва лига мажи, Видоја Секуловски. 

На предлог на претседателот на  Здружението на кошаркарски тренери Драган Василов  да се разгледа можноста за отпочнување на натпреварите од Првата лига мажи, бидејќи веќе е ноември а истата не е почната.Воедно членовите на УО  се информирани и  дека од страна на  неколку клубови исто така има барање за што поскоро започнување на Првата лига  бидејќи  клубовите  и сите инволвирани во кошарката трпат спортски и финаниски загуби.

Веднаш е даден предлог Првата лига мажи согласно сите акти на федерацијата да започне на 12 ноември (сабота).

„Треба да се игра кошарка. Сметам дека тоа ќе треба да биде во интерес на кошарката. Не бегаме од одговорност и од закани да не сменат. Сметам дека кошарката не треба да трпи“ – порача Наумоски, по што неговиот предлог беше прифатен од страна на Управниот Одбор.
Предлогот е усвоен од членовите на УО со гласање  13 ЗА и 1 против (претседателот на Здружението на  клубови Прва лига  мажи Видое Секуловски).

Поради краткото време за средување на финансиската состојба, клубовите се задолжија  до пред почетокот на второто коло, заклучно до 18.11.2016, да ги подмират сите финансиски долгови кон  МКФ, вклучувајќи котизација за сезона 2016-17, заостанати долгови од минатите  сезони и такси за регистрација на странски играчи за сезона 2016-17.

Дојдени сме да ги почитуваме актите и законите на Статутот на Македонската кошаркарска федерација и затоа : 

Сакаме да напоменеме дека евентуалното неиграње на одредени клубови нема да биде толерирано како претходно, и истите ќе трпат  консеквенци според пропозициите и правилата на МКФ , а комесарот  за натпреварување Владо Цветковски веќе има добиено инструкции поткрепени со одлука на УО, изричито да ги почитува и да постапува според истите  Пропозициите и правилниците на МКФ. 

Првиот човек на МКФ  воедно ги запозна  членовите на Управниот одбор  дека од страна на ФИБА е добиен  допис, со кој до 25 ноември 2016 година, федерацијата  треба да се изјасни со конретни одлуки  околу суспензијата на клубовите кои учествуваат во лиги непризнаени од ФИБА. Во спротивно ФИБА го задржува правото за исклучување на сениорската репрезентација од сите натпреварувања во ФИБА.

Интенцијата на Наумоски и Управниот одбор воопшто не била и не е во правец на суспендирање или казнувањње на било кој клуб, од било кој ранг на натпреварување во нашата земја. Тоа , УО и Наумоски го имаат  покажано и после трите дописи од ФИБА, со предупредувачи и заканувачки барања односно сугестии  и тоа во март, април и мај месец 2016 година.
На овие барања на ФИБА раководството на федерацијата веднаш нема излезено со казни, туку го има информирано клубот учесник во непризнаената  лига од ФИБА, меѓутоа во последниот допис од страна на ФИБА, стои конкретен датум 25.11.2016 година и барање за конкретна одлука. Тој конкретен датум не плаши и алармира дека со пролонгирањето на одлуката за суспензија, би била помината црвената линија со што директна закана и последици би трпала сениорската репрезетација  на Македонија. 

На крајот на денот правото и одлуката за тоа каде ќе настапува клубот е исклучително кај раководството.

Поради тоа не сакаме јавноста  погрешно да биде информирана дека некој од МКФ намерно и без причини и образложение сака да го суспендира клубот учесник во непризнаената  лига од ФИБА. 

 Жалиме што спорот помеѓу ФИБА и ЕЦК доведува до едни вакви санкции, меѓутоа сакаме да потенцираме дека ниту една од федерациите , вклучувајќи ја и нашата не биле иницијатори ниту учесници во истиот спор. 




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder