|  А-Тим Мажи

Победа над колеџ составот на САД за петто место на турнирот во Кина

Нашиот комбиниран состав  го освои петтото место на турнирот во Сужоу. Избраниците на селекторот Драган Раца попладнево  во мечот за петтата позиција на турнирот во Кина го совладаа колеџ тимот на САД со 77-67 и заслужено со скор од три победи и два поради стигнаа до солидното петто место во конкуренција на селекциите на Литванија, Кина, Иран, Нов Зеленд, Белорусија, Јапонија.

Нашиот млад состав на турнирот во Сужоу на двапати беше подобар од колеџ тимот на САД, во групната рунда мечот беше добиен со поените од одбојка на капитенот Младеновски, но денеска црвено жолтите одиграа многу подобро и остварија сигурна и убедлива победа од 77-67.

Најрасположени за игра на денешниот натпревар во Сужоу беа  Вудс  и Тимс со по 16 поени, Варда постигнал 15 коша, Њубери реализирал 11, Мекиќ 9, Младеновски 6 и Дујковиќ 4 поени. Во листата на стрелци не успеале да се запишат Стајиќ, Сапунџиев, Паиќ и Главчев.

Победник на турнирот во Сужоу е селекцијата на Иран, потоа следуваат репрезентациите на Литванија, Нов Зеланд, Кина, Македонија, САД, Белорусија и Јапонија.

Нашиот комбиниран тим турнејата во Кина ја продолжува со настап на уште еден турнир на кој ќе учествуваат покрај домаќинот Кина и селекциите на Литванија и САД.




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder