|  Соопштенија

Соопштение




(14.07.2015)Во просториите на Македонската кошаркарска федерација денеска се одржа работен состанок со првиот човек на Балканската  кошаркарска лига (БИБЛ),Шај Штрикс.

На денешниот состанок со раководството на БИБЛ лигата, Македонската кошаркарска федерација ја искажа примарната цел за настап на нашите екипи во ФИБА натпреварувањата ставајќи ги како алтернатива настапите во БИБЛ лигата.

Нашето раководство ги поддржува напорите на БИБЛ, во понатамошно ангажирање на територијален принцип, да им се помага и на младинските категории во клупска кошарка и евентуално организирање на натпревари.

На крајот, беше потецирана неопходноста, од двете страни, за единствен спортски интерес на натпреварувањата во организација на БИБЛ, критика и одбивање на било какви иницијативи  што се спротивни на спортските интереси.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder