|  А-Тим Мажи
Сениорите уште еднаш подобри од Израел


Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ја забележа и третата победа во рамките на подготовките за настап на Евробаскетот 2015.Во Скопје во малата сала во Јане Сандански , нашиот национален тим во пријателски натпревар  ја совлада селекцијата на Израел со 69-64.
За само четири дена ова е втор триумф на црвено жолтите над незгодниот Израел.

Силниот противник беше победен и во петокот на стартот на турнирот во Охрид.

На денешниот натпревар избраниците на Марјан Србиновски со одлична игра во одбрана  не дозволија изненадување во Скопје, и остварија заслужена победа. Како и на првиот натпревар кошаркарите на Израел само во воведните минути од средбата ја имаа резултатската предноста но потоа нашите најдобри кошаркари ја презедоа иницијативата ја засилија играта во одбрана и на крајот стигнаа до рутинска победа над незгодниот противник.
Нашиот центар Предраг Самарџиски со 13 поени беше првиот стрелец во редовите на црвено жолтите , двоцифрен број на поени постигнаа и Војдан Стојановски 12 , и  Ѓуровски 10 коша.

Во редовите на Израел по 18 кошеви реализираа Мекел и Каспи.

Нашиот национален тим серијата контролни средби пред Евробаскетот ги продолжува веќе в петок кога во Гевгелија ќе ја дочекаме репрезентацијата на Венецуела.




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder