|  Соопштенија
Соопштение МКФ

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски најде заеднички јазик со клубовите должници.

Кошаркарското првенство на Македонија ќе продолжи во редовниот ритам,на  денешниот состанок меѓу претседателот на МКФ Петар Наумоски и претставниците на клубовите од Првата лига беа решени сите несогласувања околу исплатата на финансиките побарувања кон МКФ од страна на екипите Струмица, Куманово, Кожув и Карпош Соколи.

Раководството на Струмица денеска  плати голем дел од долгот по што од раководството на федерацијата во знак на добра волја доби  продолжен рок за уплата на  остатокот од парите, кои според договореното ќе треба да бидат уплатени до почетокот на Супер-лигата и плејаут натпреварувањето.


Договорен е и начинот на уплата на  долгот кон МКФ и со екипите на Куманово и Кожув. Со претставниците на двете екипи е договорено до петок да биде подмирен дел или пак целиот долг, по што суспензиите веднаш ќе бидат повлечени. Ако исплатата пак не е целосна истата да биде комплетно подмирена до почетокот на Супер лигата. За оваа одлука беа консулитари сите клубови од Првата лига, кои што веќе ги имаат подмирено сите обврски.

 
ПО средбата со претставниците на клубвите од Првата лига претседателот на МКФ Наумоски истакна.

-Постигнавме договор за нешто суштинско – за доброто на кошарката. Струмица собра значаен дел од сумата што ја должеше, па излеговме во пресрет на барањето на овој клуб остатокот да го плати до стартот на Супер-лигата или плејаут натпреварувањето, во зависност од пласманот во сегашната фаза. Со Кожув и со Куманово постигнавме договор ист така дел од сумата, или пак целата сума да биде платена до петок, за суспензиите да бидат кренати, а потоа доколку исплатата не е целосна истата да се комплетира до стартот на Супер-лигата. За ова се консултиравме со сите клубови кои веќе ги имаа подмирено своите обврски бидејќи не сакавме да се чувствуваат изневерени бидејќи ја уплатиле целата сума во предвидените рокови, па откако добивме зелено светло од сите нив ја прифативме оваа опција. Како што реков, ова е одлука што е донесена за доброто на кошарката“ – порача Петар Наумоски.

Заклучоците донесени на денешниот состаник меѓу претседателот на МКФ Петар Наумоски и претставниците на клубовите од Првата лига може да ги прочитате на следниот линк.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder