Домаќинот Кожув ќе биде противникот на МЗТ Скопје Аеродром во втората полуфинална пресметка од Купот на Македонија. Во последното четврфинале кошаркарите на Кожув пред полни трибини во салата 26 април и одличен спортски амбиент беа подобри од Фени Индустри со 68-56.
Избраниците на Илиевски дури во решавачката четврта делница успеаја да го скршат цврстиот Фени Индустри и да слават победа за место меѓу четирите најдобри екипи во националниот Куп.
Кожув како и минатата година за место во големото финале од Купот на Македонија ќе игра против првиот фаворит за трофејот МЗТ Скопје А.
Лидери на Кожув во вечерашното четврфинале беа Пен со 19 поени, универзалниот Рајт со 15 поени, 6 скока и дури седум украдени топки и Радуловиќ и Брчков со по 12 односно 10 поени.
Карло Враговиќ со 19 и Кирил Николовски со 13 поени беа најпрецизни кај кавадарчани. - See more at: http://sportmedia.mk/kosharka/domashno-