|  Куп натпреварувања 2015/16
МЗТ Скопје А. и Карпош Соколи во големото финале на Купот на Македoнија  



Двете најдобропласирани екипи во нашата прва лига шампионот МЗТ Скопје Аеродром и тимот на Карпош Соколи утре од 19 -30 часот ќе се борат за трофејот во 24 издание на Купот на Македонија. За освојувачот на седум трофеи во националниот Куп , МЗТ Скопје ова ќе биде 12 финале ,а Карпош Соколи напиша нова страница во клупската историја и ќе го игра првото финале во македонскиот кошаркарски Куп. Вечерва во второто полуфинале шампионот од Аеродром во натпревар во кои двете екипи играа одлично во одбраната го  победа Кожув од 72-62.

Пред полни трибини во салата 26 април , Кожув немаше сили за изненадување. Избраниците на Илиевски по одличната игра посебно во одбраната во првите дваесет минути , во третиот период имаа пад во играта во нападот постигнаа само 8 а примија 14 кошеви, што беше решавачко за конечниот исход на полуфиналето. Искусните  кошаркарите на МЗТ Скопје го искористија заморот на противникот и пократката клупа на Кожув и на крајот обезбедија сигурна победа за ново финале во Купот на Македонија.



Пет кошаркари на МЗТ Скопје вечерва постигнаа двоцифрен број на поени, Марко Луковиќ со 12 беше првиот стрелец веднаш до него беа Дамјан Стојановски, Дреновац и Љубичиќ со 11 и Мијатовиќ со 10 поени.

Најефикасни во домашниот тим се Пен со 21 и Нешовиќ со 20 постигнати поен.

Продолженениот кошарарски викедн во Гевгелија својата кулминација ќе ја има утре од 19 и 30 часот со финалето МЗТ Скопје А. - Карпош Соколи, четири часа претходно ќе старнува финалната пресметка кај дамите меѓу Бадел 1862 и Лотос. 




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder