|  Соопштенија
Успешен старт на проектот „Заедно до У-16“



Успешен старт на новиот прокет на Македонската кошаркарска федерација за развој, континуирано следење и индивидуално-техничко и тактичко усовршување на младите кошаркари.

Викендов во четири сали во Македонија дел од најдобрите кошаркари родени во 2002 година поделени според регионален принцип ги одработија првите тренинзи во рамките на проектот „Заедно до У-16“.

Бранко Андриевски од Стручниот совет на МКФ за младинска кошарка е задоволен од стартот на проектот.

Како си задоволен од работата на тренинзите и колку кошаркари се појавија на примарните тренинзи?
-Сите тренери кои се вклучени во проектот максимално професионално ја извршија работата.Кошаркарите родени во 2002 година поделени според регионален принцип тренираа во Салите во Скопје, Битола и Струмица.Во Скопје во салата на Вардар 32-ца кошаркари поделени во две групи тренираат наутро и попладне. Во Струмица се работеше со 15 талентирани играчи, а во Битола тренерите на располагање имаа 25 млади кошаркари.

Какви се твоите очекувања во иднина од проектот „Заедно до У-16“?
-По прв пат во Македонија се случува ваква селекција на млади кошаркари и ваков прокет. Од овој проект кој сигурно ќе биде долгоречен во иднина очекувам да обезбеди многу нови репрезентативци на Македонија во сите категории.

Тренизите со младите кошаркари вклучени во проектот „Заедно до У-16 “ продолжуваат на 12,14 и 16 јануари  со индивидуални тренизи и со одигрување на натпревари меѓу селекциите од регионите.
 Кошаркарите родени во 2002 година вклучени во примарната селекција беа поделени според регионален принцип: Исток, Скопје 1, Скопје 2 и Запад.
Инаку ова беше примарна селекција на кошаркари родени во 2002 година, во иднина во проектот ќе бидат вклучени и нови талентирани кошаркари од екипите од Македонија.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder