|  Куп натпреварувања 2015/16
куп на македонија 2015/2016



Хуавеј Супер Куп 2015



Викендов Македонската кошаркарска федерација и општина Охрид ќе бидат домаќини на кошаркарскиот ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015
.

Четирите најдобри екипи од минатата сезона во двете домашни натпреварувања, Првенството и Купот, ќе атакуваат на премиерниот трофеј во новата сезона - пехарот во ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015.

Во првиот ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015 кој ќе се игра како турнир ќе учествуваат шампионот МЗТ Скопје, победникот на Купот Работнички и финалистите во двете национални натпреварувања Куманово и Кожув.

Во првото полуфинале во сабота од 17 часот  и 30 минути ќе играат двете најдобри екипи од купот на Македонија, Работнички и Кожув, во 20 - 15  часот за вториот финалист во ХУАВЕЈ СУПЕР КУП 2015, ќе решава дуелот меѓу шампионот и вицешампионот, МЗТ Скопје А. - Куманово. 

Националниот телевизиски сервис МТВ ќе врши директни преноси од сите три натпревари. Натпреварите ќе се играат во салата Билјанини Извори, Охрид.

Генерален спонзор и покровител на Супер Куп-от е глобалниот електронски гигант  ХУАВЕЈ (Huawеi), најголем провајдер на телекомуникациска опрема во Светот, преку која се пренесуваат  телефонските разговори на преку 3 милијарди корисници. ХУАВЕЈ,  најдобриот играч и најефикасниот кошаркар на турнирот ќе ги награди со најнови модели на Huawei P8, односно Huawei P8 lite, смарт телефони, а исто така со најнов смарт телефон Huawei G620 ќе биде награден и најсреќниот гледач на финалниот натпревар.

Целокупното сместување на сите учесници е во организација на Општина Охрид, која по втор пат за неполн месец, е ко-организатор со МКФ на уште многу значаен настан во кошарката, потврдувајќи ја безрезервната подршка на спортот и определбата на МКФ за возобновување на Охрид како кошаркарски центар.

Дуелите на четирите најдобри екипи ќе бидат одлична најава на новата сезона, која стартува на 10  октомври, со учество на осум екипи, кои ќе играат  четирикружен систем, по што ќе следува Плеј оф во кој ќе учествуваат шесте најдобри екипи од регуларниот дел од првенството.







  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder