|  А-Тим Мажи

Раца: Ќе им дадам шанса на сите, за Македонија ќе играат сите што сакаат  


Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Драган Раца денеска ја имаше првата средба со новинарите. Новиот предводник на црвено жолтите на почетокот на прес конференцијата изрази огромна благодарност до раководството на МКФ за укажаната доверба и порача дека се нафатил на оваа работа бидејќи е убеден дека националниот тим има квалитети за нов настап на Европско првенство.


Според Раца, Македонија има селекции која може да  игра на највисоко ниво, иако во тимот во моментов има  смена на генерациите.Тој воедно истакна дека  веќе разговарал или остварил контакт со поголем број од кошаркарите.

– Сакам да им дадам шанса за сите, вклучително и за помладите играчи, бидејќи тие се оние што ќе треба да го носат државниот дрес во иднина. Сакам да создавдеме атмосфера во репрезентацијата, како да правиме нешто ново. Покана ќе добијат сите, а од нив ќе зависи дали ќе играат. Ќе играат само тие што сакаат да играат. Контактирав со речиси сите играчи, освен со Предраг Самарџиски, но контактирав со неговиот менаџер кој ме увери дека по завршувањето со обврските ќе добијам одговор. Му испратив порака по електронска пошта и на Перо Антиќ, очекувам одговор откако ќе заврши со обврските околу „фајнал фор“. Разговарав веќе и со Бојан Трајковски, нема проблеми околу неговиот ангажман во репрезентацијата.

„Свесен сум на одговорноста и на моментот во кој доаѓам во репрезентацијата и дека треба да направиме нешто што сите го очекуваат од нас. За мене беше предизвик да ја преземам селекцијата во вакви услови. Треба да ја почитуваме историјата, но да бидеме реални околу сегашноста. Програмата е направена до последниот ден од квалификациите, с? со целл да се пласираме на ЕП 2017. Не сум работелна овие простори, но стојам зад зборот дека има голем кошаркарски талент на просторот на поранешна СФР Југославија.Ова е мое враќање на корените после толку години. Самото мое прифаќање на фуннкцијата е истовремено и обврска да се пласираме на ЕП“, изјави  Раца.

 Новиот селкетор  го кажа и својот став за престојните квалификации и дуелите против Унгарија, Луксембург и Велика Британија, потенцирајќи дека никој однапред не смее да се потцени.

„Треба сите противници да ги сфатиме сериозно и да бидеме максимално концентрирани. Се наоѓаме во група во која треба да ја почитуваме секоја репрезентација. Унгарската кошарка е во подем, со голем број интернационалци кои играат ширум Европа. Во текот на подготовките планираме турнеја во Кина, каде што би играле на турнири, но и промотивни средби со домашната селекција во различни градови. На 14 јуни ќе се организира турнир кој ќе биде промоција на СП 2019 каде што ќе бидеме во група со САД, Литванија и Иран, а во другата се Јапонија, Нов Зеланд и Белорусија. Таму ќе одиме за да видите како размислувам, дека не бегам од работа, но и да видам со каков квалитет располагаме. 

 Српскиот стратег на средбата со новинарите откри и дека има желба во стручниот штаб на националниот тим да го вклучи и поранениот капитен Врбица Стефанов.

– Врбица Стефанов доби покана да биде еден од тренерите на репрезентацијата и треба да одговори во следните денови. Ќе ангажираме млади тренери кои ќе работат со репрезентацијата, сакаме да бидеме „една куќа“. Ако бидеме единствени, нема шанса да не направиме резултат. Секој е добредојден, секој може да помогне на свој начин.

Изјавите на селекторот Драган Раца на може да ги видите и на линкот.

Новиот селектор денеска во друштво на претседателот на федерацијата Петар Наумоски ќе присуствува и на четвртиот натпревар од полуфиналната серија на Плеј офот меѓу Куманово и Карпош Соколи.




 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder