|  Соопштенија
Потпишан договор со општина Кавадарци за ко -организација на квалификациите за пласман на ЕП во 2017  

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски и градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов денеска потпишаа договор за ко- организација на престојните квалификациски натпревари на нашата најдобра репрезентација за пласман на Европското првенство во 2017 година.



Салата Јасмин во Кавадарци летово ќе биде домаќин на трите натпревари на црвено жолтите против Луксембург, Велика Британија и Унгарија во рамките на квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година.



Првиот натпревар во Јасмин нашиот национален тим ќе го одигра на 31 август против Луксембург, на 7 септември ќе бидеме домаќини на селекцијата на Унгарија, а на 14 септеври во Кавадарци ќе гостува репрезентацијата на Велика Британија.

Претседателот на МКФ Наумоски во име на добрата соработка на градоначалникот Панов му врачи дрес од најдобрата селекција на Македонија.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder