|  Репрезентации  |  М-18 Жени
Репрезентацијата на Македонија за кошаркарки до 18 години го освои 18 место на Европското првенство дивизија Б во Сараево, Босна и Херцеговина.
Женската селекција на Македонија за кошаркарки до 18 години го оствари првиот успех на ЕП дивизија Б во Сараево. Во првиот натпревар во групата за пласман од 17 до 19 место нашите млади кошаркарки славеа убедлива победа над врсничките од Албанија со 79-44, 26-6, 24-16, 13-11, 16-11.


Македонската женска репрезентација за кошаркарки до 18 години го претрпе и четвртиот убедлив пораз на Европското првенство Б дизивија во Сараево, Босна и Херцеговина.
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го претрпе и третиот убедлив пораз во Б дивизијата на Европското првенство во БиХ.Во натпреварот од 3.коло на Ц групата црвено-жолтите беа убедливо поразени од Естонија со 75-34 четвртини 15-10,24-8,23-9,13-7.
Женската селекција на Македонија за кошаркари до 18 го доживеа и вториот убедлив пораз на Европскиот шампионат дивизија Б во Сараево, БиХ.

Денеска во Македонската амбасада во Босна и Херцеговина беше примена нашата женска репрезентација до 18 години во кошарка од страна на Македонскиот преставник Решат Бериша, а каде настапува на Европскотo првенство во Сараево до 18 години.
Македонска репрезентација до 18 години го претрпе првиот пораз против Грција со конечен резултат 62-41.

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години ќе учествува на Европското Првенство од Б- Дивизија во Босна и Херцеговина.
Нашата женска репрезентација за кошарларки до 18 години го доживеа и вториот пораз на гостувањето во Самоков.
Женската репрезентација на Македонија до 18 години претрпе убедлив пораз од 84-28 од селекцијата на Бугарија до 20 години во првиот од двата контролни средби во Самоков, во склоп на подготовките за настап на Европското првенство дивизија Б во БиХ.
Женска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години на 5 и 6 јули 2016 година во Самоков ќе одигра две пријателски средби против соодветната селекција на Бугарија.
Македонската женска селекција за кошаркарки до 18 години ја извојува првата победа во подготвителниот циклус, на гости во Приштина совладена е домашната селекција на Косово со убедливи 51-35.
Во салата на ОУ „Невена Ѓоргиева Дуња“ во Скопје под раководство на селекторот Горјан Стојановски, помошникот тренер Енвер Мифтари и легендата на нашата кошарка Стојна Вангеловска започнаа подготовките на нашата женска селекција за кошаркарки до 18 години.
Македонската женска селекција за кошаркарки до 18 години летово ќе учествува на Европското првенство Дивизија Б во Сараево.
Селекторот Горјан Стојановски го објави списокот од 16 кошаркарки кои ќе бидат во комбинација за настап на Европското прветсво Дивизија Б , кое од 23 до 31 јули ќе се одржи во Сараево Босна и Херцеговина.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 18 ГОДИНИ - ЖЕНИ

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (Б ДИВИЗИЈА), СТРУМИЦА 2012

Победа за крај на Европското првенство
Нашата женска репрезентација до 18 години со победа над Норвешка го заврши настапот на Европското Првенство во Струмица. Избраничките на Ѓоровиќ одиграа добро и ја заслужија победата со која се пласираа на 15 место.
Прва победа на јуниорките на ЕП
Многу потешко од очекувањата, женската селекција на Македонија до 18 години ја совлада мотивираната Шкотска и ја забележа првата победа на Европското првенство во петтиот одигран натпревар. Мечот во салата „Никола Карев“ во Струмица беше неизвесен до самиот крај.
Јуниорките и натаму без победа на ЕП во Струмица
Во веќе видено сценарио, нашата женска селекција до 18 години го доживеа и четвртиот пораз на континенталниот шампионат во Струмица. Избраничките на Владимир Ѓоровиќ, иако со моментални блесоци во натпреварот против Црна Гора, на крајот немаа доволно сили за пресврт.
Женската селекција до 18 години се подготвува за следната фаза од ЕП
Женската селекција на Македонија ги загуби трите натпревари од првата фаза, со што од утре почнува со настапите за пласман од 9 до 18 позиција на ЕП во Струмица. Избраничките на селекторот Ѓоровиќ, сепак, покажаа дека не заостануваат многу зад најдобрите тимови на шампионатот. Со извлечена добра поука од досегашните случувања, од нашиот стручен штаб се надеваат на добри резултати и победи во наредните три средби.
Фото-вест
Слободниот ден на ЕП за жени до 18 години во Струмица беше искористен за мала прошетка на официјалните лица и претставниците на тимовите до манастирот „Водоча“, каде присуствуваше и градоначалникот на Општината, Зоран Заев.
Пораз во натпревар без резултатско значење
Избраничките на Владимир Ѓоровиќ, иако без трите повредени кошаркарки во составот, одиграа солиден натпревар против фаворитот Белорусија, кој беше неизвесен до самите последни мигови. Резултатот од натпреварот немаше никакво резултатско значење, ситуацијата во групата беше позната од порано, нашата селекција продолжува во борба за некое од местата во втората половина.
Младинките останаа без втора фаза од ЕП во Струмица
Женската репрезентација на Македонија до 18 години тешко успеваше да се справи со расположениот противник и со поразот од 79-49 во салата „Парк“ во Струмица, ги загуби шансите за пласман на некое од првите две места во групата.
По поразот на Македонија во трилерот против Англија
Нашата женска репрезентација до 18 години во неизвесна завршница загуби натпревар од Англија во кој успеа се врати од негатива од 22 поени. Селекторот Владимир Ѓоровиќ, со извлечена поука, верува во успех во наредните натпревари во Струмица.
Пораз нашите девојки за старт на ЕП во Струмица
Многу блиску беше составот на Владимир Ѓоровиќ до победа против фаворизираниот противник во првиот меч. И покрај негативата од 22 поени на полувреме, нашите кошаркарки се вратија и поведоа во четвртата четвртина, но Англија беше посконцентрирана во завршницата и победи со 57-53.
Македонија на отворањето против Англија
На техничкиот состанок се прецизираа последните детали околу организацијата и Првенството може да почне. Силни селекции во групата на Македонија, но преовладува мотивацијата за добар настап пред домашната публика.
Фото вест
Нашата женска јуниорска репрезентација, која ќе настапи на ЕП во Струмица, денеска при пристигнувањето беше свечено пречекана од градоначалникот на Општината, Зоран Заев.
На четири дена до стартот на Европското Првенство
Дванаесетте избранички на Владимир Ѓоровиќ од денеска се во Струмица, каде ќе ги одработат последните тренинзи пред почетокот на Европското првенство на 26 јули. Од нашиот стручен штаб, задоволни од досега одработените подготовки.
На половина од подготвителниот период
Македонската репрезентација до 18 години, која периодов во Струга се подготвува за настап на ЕП (Б Дивизија) кое летово ќе се игра во Струмица, синоќа одигра пријателска средба против сениорската репрезентација. И покрај поразот, селекторот Ѓоровиќ е задоволен од тоа како се движи формата на неговите избранички.
Скратен списокот на М-18 женската репрезентација
Женската репрезентација до 18 години викендов се сели во Охрид каде ги продолжува подготовките за настап на Европското првенство (Б дивизија) кое на крајот на јули ќе се игра во Струмица. Денеска (петок) првиот неофицијален подготвителен натпревар против женската сениорската селекција.
Селекторот Владимир Ѓоровиќ ги почнува подготовките за ЕП
Утре во салата „Независна Македонија“, селекторот на женската репрезентација на Македонија до 18 години, со 24 кошаркарки ги стартува подготовките за настап на континенталниот шампионат кој летово ќе се игра во Струмица.

Досегашни учества М-18 Жени


Досегашни учества




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder