|  Куп натпреварувања 2015/16
ФОТОГАЛЕРИЈА-МЗТ СКопје А. на победничкиот трон во  Купот на Македонија

 
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со триумф над големиот градски ривал Карпош Соколи од 68 - 62 во супер интересно и неизвесно финале се победници на 24 издание од Купот на Македонија.



МЗТ Скопје вечерва по осми пат во клупската историја го подигна трофејот наменет за најдобрата екипа во Националниот Куп.

Вечерва на големото куп финале во Гевгелија двете најдобри екипи во првенството покажаа дека заслужено се на врвот на табелата и одиграа вистинско финале достојно за завршницата во националниот куп.



Победникот во неизвесното финале се решаваше во последните минути од мечот , кога искусните кошаркари на МЗТ Скопје одговорија на предизвикот ги искористија грешките на противникот и заслужено на крајот стигнаа до драгоцениот  пехар.

Двете екипи денеска  покажаа дека знаат да играат црсто во одбраната , што очекувано донесе послаба ефикаснот на двете страни. Во воведните пет минути од решавачката четврта делница цврстата одбрана беше главната одлика на двете екипи, во овој период кошаркарите на МЗТ Скопје и Карпош Соколи постигнаа само 11 поени.



Кога беше најпотребно проработе и повредениот капитен на металците Дамјан Стојановски кој со сигурно положување  и успешна реализација на слободните фрлања  обезбеди победа вредна пехар во 24 издание од Купот на Македнонија.



Во големото финале најефикасни на двете страни беа Дреновац кај победникот МЗТ Скопје А. со 16 и центарот на Карпош Соколи Кнежевиќ со 14 поени.





Искусниот центар на Соколи Душан Кнежевиќ  го доби признанието за најефикасен кошаркар на завршницата од Купот.





За најкорисен кошаркар на Купот на Македонија во Гевгелија беше прогласен кошаркарот на  МЗТ Скопје А. Марко Луковиќ.







Во церемонијалот на доделувањето на признанијата и медалите учествуваа генералниот секретар на МКФ, Моника Гаврилоска и потпретседателот на федерацијата Илија Пенов.


























  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder