|  Куп на Македонија 2017

Вардар е противникот на Бадел 1862 во финалето на Лимак Купот на Македонија во женска конкуренција


Женска екипа на Вардар е вториот финалист во Лимак кошаркарскиот Куп на Македонија. Во полуфиналето вардарки славеа победа надПелистер АД со 67-46. Првите десети минути од полуфиналето минаа во изедначена и рамноправена игра, Вардар ја доби четвртината со минимални 15-13.

Потоа следуваа две извонредни четвртини на кошаркареките на Бране Андриевски кои беа пресудни за конечниот епилог на полуфиналето. Вардарки ја засилија играта во одбрана што резултираше со  брзи и лесни поени за убедлива предност од  56-33 по 30 одиграни минути. Водство кое секако беше недостижно за младите кошаркарки на Пелистер.

Плејмекјерот Ватс со 16 и капитенот Едина Муса со 11 поени беа предводничките на вардарки до првото Куп финале во историјата на клубот.

Двете водечки екипи во првенството Бадел 1862 и вардар уште од 16 часот во големото финале ќе одлучуваат за носителот на првиот трофеј во сезоната 2016/2017,пехарот во Лимак Купот на Македонија.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder