|  Соопштенија

Соопштение - 55

(Состанок МКФ - Здружение на прволигаши)

На  вчерашниот состанокот во Маврово меѓу првите луѓе на Македонската кошаркарска федерација и Здружението на Прволигашите, првите луѓе на МКФ покренаа иницијатива за намалување на бројот на странци во Првата македонска кошаркарска лига од шест на четири кошаркари да биде предмет на сериозна анализа.

Исто така на состанокот во Маврово клубовите прифатија до крајот на 2015 година, се произнесе по иницијативата, нормално по претходна анализа во своите клубови, земајќи ги во предвид  сите моментални позитивни и негативни ефекти од таквата иницијатива.

 На состанокот меѓу другото се доби согласност од сите клубови заедно со претставниците на МКФ  до крајот на годината повторно  низ работни состаноци да се разгледува оваа иницијатива и да се најде најдоброто решените взаемно прифатливо за сите.

На некој  од следните работни  средби на кои ќе се разгледува  иницијативата ќе бидат повикани и претставниците  од Асоцијацијата на играчи.




  

 

Ул. Македонија, 11А, ПФ 318
1000 Скопје, Р. Македонија
тел/факс: +3892 2464988
E-mail:
contact@basketball.org.mk
Сениорски Лиги: +3892 2454320
Младински Лиги: +3892 2464990

© 2006 Сите права задржани


Developed by Nextsense
Powered by webBuilder